Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Најстудено во Берово, на Попова Шапка 90 сантиметри снег

Најстудено изутрина во 7 часот е во Берово, каде се измерени -3…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најстудено изутрина во 7 часот е во Берово, каде се измерени -3 степени, по што следуваат со – 2 Скопје-Петровец и со -1 Крива Паланка, Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица. Во Охрид, Претор, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, Гевгелија и Попова Шапка, 0 степени, Скопје-Зајчев Рид, 1, Mаврови Анови, 2, Kрушево и Виница 3, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). 

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 91 сантиметар. 

УХМР за деенска најави променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд, а на повисоките планини во западните делови услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието од северозападен правец. 

Реклама

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.  Максималната температура ќе достигне до 14 степени