Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Најмногу пријави до ДКСК минатата година поднесени за сомнежи за корупција и судир на интереси

Во 2025 година до антикорупциската комисија биле доставени најголем број пријави со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во 2025 година до антикорупциската комисија биле доставени најголем број пријави со наводи за постоење сомнежи за коруптивно однесување на службени лица, покажува извештајот за работата на ДКСК. Примени се вкупно 455 пријави по оваа основа, а ДКСК има поднесено седум пријави по сопствена иницијатива. 

Најголем број од пријавите за сомнежи за корупција се во единиците за локална самоуправа по што следуваат извршната власт, правосудството, регулаторните тела, образованието, урбанизмот, здравството… 

По оваа основа, како што информира денеска претседателот на Комисијата, Адем Чучуљ, решени се 387 предмети и донесени се 359 одлуки. Бројот на донесени одлуки е помал од бројот на предмети затоа што некои од предметите биле споени. 

Реклама

По 11 предмети преземени се конкретни мерки, односно за осум се поднесени иницијативи до Основното јавно обвинителство, кои се однесуваат за незаконско именување в.д. директори, против одговорни лица за постоење основи за сомневање за незаконитости во спроведување постапки за јавни набавки и незаконито располагање со буџетски средства. Поднесени се и три иницијативи до надлежните институции за утврдување одговорност кај раководнсите и службените лица.

Отфрлени се 79 пријави по основа на нејасни и неразбирливи пријави, пријави за кои ДКСК претходно веќе донела одлуки, како и по основа на изразено незадоволство од постапувањето на судии.  

– Во однос на пријавите што се однесуваат на судските постапки, ДКСК нема надлежност да цени дали судските постапки се водени со почитување на материјалните и процесните закони, дали судските и јавнообвинителските одлуки се донесени врз основа на целосно и правилно утврдена фактичка состојба и со правилна примена на материјалното право. Овие пријави, кои по својата суштина се жалбени наводи, односно претставуваат претставки и поплаки за работата на судиите и јавните обвинители, ДКСК ги доставува на надлежно постапување на Судскиот совет на Македонија, Јавното обвинителство на Македонија и Советот на јавните обвинители на Македонија – стои во извештајот.

Во однос на судирот на интереси, најголем број пријави се однесуваат на органите на државната власт, локалната власт, образованието, здравството, правосудството…

Во текот на 2025 година поднесени се 116 барања за мислење, ДКСК има издадено 108 мислења, а за другите осум барања, како што појасни претседателот на ДКСК, ќе се изјаснат годинава затоа што барањата биле примени на крајот на минатата година. 

Во шест случаи утврдено е дека нема прекршување на одредбите од законот, но дека има потенцијален судир на интереси. Во еден случај две блиски лица се избрани за вршење функција во иста институција, односно едното ја врши функцијата в.д. директор, а другото е член на советот на таа институција. Во вториот случај се работи за две блиски лица, од кои едното е вработено во општина, а другото е инспектор што врши надзор во истата општина. Во третиот случај едно лице е назначено за помошник-директор и врши функција претседател на училиштен одбор во истото училиште. Четвртиот случај се однесува на судија кој исто така е член на стручниот совет на Комората по што ДКСК беше известена дека е надмината состојбата и лицето повеќе не е дел од тој стручен совет. Во петтиот и шестиот случај ДКСК даде препораки до надлежни институции за измена на законски одредби на материјални закони, со цел да се утврди временски период пред назначување членови на комисии да не извршуваат должности во органи и тела на политички партии. 

Во однос на судирот на интереси, ДКСК поднела три иницијативи пред надлежните органи за поведување постапка за утврдување одговорност на службени лица поради прекршување на одредбите од ЗСКСИ, кои го предвидуваат постапувањето на службените лица кога ќе се најдат во состојба на судир на интереси.

Според претседателлот на ДКСК, минатата година била активна година иако Комисијата се соочила со одредени предизвици.

– И покрај сите предизвици, сметам дека Комисијата постигна значајни резултати – рече Чучуљ.

Во однос на регистарот на избрани и именувани лица, Чучуљ информира дека заклучно со декември 2025 година внесени се податоци за 16.147 актуелни и поранешни избрани и именувани лица.

– Од причина што голем број институции, кои вршат избор/именување лица, не ја исполнуваат законската обврската за внесување податоци во регистарот на избрани и именувани лица, ДКСК не располага со реални и точни податоци за бројот на избрани и именувани лица, дали одредени лица активно ја извршуваат функцијата или им престанал мандатот, дали е извршен повторен избор и слично – се вели во извештајот за работата на ДКСК за 2025 година.