Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

МВР поднесе кривична пријава за екс министерот Оливер Спасовски.

Кривична пријава за екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за злоупотреба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривична пријава за екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за злоупотреба на службена положба и овластување. МВР го сомничи дека во 2021 година на фирма за технички преглед со седиште во Сарај ѝ овозможил да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 5 и пол милиони денари.

„Делото го сторил на начин што во законски предвидениот рок не донел решение за одземање на овластување за технички преглед врз основа на предлог доставен од надлежната организациска единица за граѓански работи. Истиот, иако знаел дека рокот за донесување решение за одземање на овластувањето е најдоцна до 15 дена од денот на доставување на предметот, не ја извршил својата службена должност согласно чл. 65 ст. 3 од Законот за возила и чл. 5 од Правилникот за начинот и постапката за донесување и одземање на решението за овластување на правното лице за технички преглед на возила и за категории на возила за кои се издава овластување за технички преглед на возила“, стои во соопштението од МВР.