Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Муртезани: Преку соработка и поврзаност до заедничка европска иднина

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани во рамки на 10-от Годишен форум…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани во рамки на 10-от Годишен форум на ЕУ Стратегијата за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР) денеска во Грција учествуваше на Министерскиот состанок на Јадранско-јонскиот совет и на Панелот на министри за ЕУ фондови.

На Министерскиот состанок на Јадранско-јонскиот совет, министерот Муртезани, како што информира Министерството за европски прашања, ја истакна важноста од засилување на регионалната соработка во услови на се посложени глобални и геополитички предизвици. Тој го поздрави ревидираниот Акциски план на ЕУСАИР како конкретна алатка за посилно локално влијание, особено со вклучувањето на проширувањето како хоризонтален приоритет.

Според него, оваа Стратегија претставува платформа преку која земјите-кандидатки за членство во Унијата можат поефективно да ги унапредуваат реформите, да ги мобилизираат достапните инструменти на ЕУ и да ја продлабочат регионалната интеграција. Тој ја истакна подготвеноста на Северна Македонија да предводи со посветеност и визија во рамките на своето прво претседателство со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива.

Реклама

На Панелот на министри одговорни за ЕУ фондови, министерот Муртезани се осврна на новиот, петти столб на стратегијата, социјалната кохезија, нарекувајќи го суштински двигател на процесот на европска интеграција. Тој подвлече дека европската иднина не се гради само преку институционални процеси, туку преку создавање услови за достоинствен живот таму каде што граѓаните живеат.

– Македонија, како координатор на Столб 2 „Поврзување на регионот“, во својата програма најави иницијативи за модернизација на прекуграничната инфраструктура, дигитална инклузија и вклучување на младите, како дел од посеопфатна визија за трансформација на регионот, се наведува во соопштението. Муртезани посочи дека Стратегијата не смее да остане само рамка, туку мора да стане вистински двигател за европеизација, со соработка што не е само физичка, туку и институционална и општествена.

Муртезани порача дека ЕУСАИР мора да биде мост меѓу формалните процедури и вистинските резултати, преку младинско учество, инклузивни инвестиции и силна регионална поврзаност – како предуслов за одржлива иднина во која разликите меѓу земјите – кандидатки и земјите-членки во Европската Унија, се сè помали.