Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Муртезани од Берлин: Пристапните преговори мора да бидат заштитени од ревизионизам и билатерални условувања

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, работната посета на Берлин ја започна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, работната посета на Берлин ја започна со средба со државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Гинтер Крихбаум. Муртезани му честиташе на министерот Крихбаум за неговото неодамнешно именување, посакувајќи му успех кој ќе се рефлектира позитивно не само на Германија, туку и на Европа и Западен Балкан. Тој исто така изрази благодарност за континуираната германска поддршка и пријателство, подвлекувајќи ја важната улога на Германија во процесот на европската интеграција на Македонија, особено за принципиелниот пристап на Берлин во заштитата на европските вредности и одвојувањето на билатералните прашања од пристапниот процес, како што беше потврдено и за време на германското претседателство со Советот на ЕУ во 2020 година.

Во фокусот на разговорите беа прашањата поврзани со евроинтегративниот процес при што заеднички беше констатирано дека трансформативната моќ на европската интеграција може да се реализира единствено преку пристап базиран на заслуги, кој ќе овозможи јасна и опиплива перспектива за граѓаните на земјите-кандидати. Муртезани нагласи дека европскиот проект не може да биде целосен без интеграцијата на Западниот Балкан и дека реформите, владеењето на правото и усогласувањето со европските вредности се услов без кој не може да се напредува, но и дека Унијата мора паралелно да обезбеди сопствена институционална подготвеност за проширување. Министерот Муртезани ја поздрави германската поддршка за постепена интеграција на земјите-кандидати во ЕУ, со зачувување на критериумите и европските стандарди, но и со обезбедување конкретни придобивки за граѓаните уште во текот на пристапниот процес.

Во контекст на актуелните предизвици на пристапниот процес, министерот Муртезани укажа дека процесот на проширување треба да остане заштитен од билатерални блокади и ревизионистички наративи, односно, дека е неопходно воспоставување ефективни европски механизми за воведување и мониторинг на европските стандарди и експертиза, особено во доменот на историските и билатерални прашања, со цел да се обезбеди правичност и предвидливост на патот кон членството. Во таа насока, беше потенцирана важноста од зајакнување на европските инструменти за надзор, како гаранција за кредибилитетот на евроинтегративниот процес.

Реклама

Муртезани и Крихбаум разговараа и за актуелната Реформска агенда на Македонија и за улогата на германските институции во евроинтегративниот процес преку поддршка на структурните реформи, јакнењето на владеењето на правото и доброто управување, како и преку реализација на бројни Твининг и Таекс проекти каде Германија често е водечки партнер. Беше потенцирана важноста на споделувањето на германското искуство за спроведување на европското законодавство (acquis) и за унапредување на институционалните капацитети на Македонија за користење на европските фондови и имплементација на реформите. Соговорниците разменија мислења за понатамошно унапредување на регионалната соработка преку Берлинскиот процес, кој претставува клучна платформа за зајакнување на добрососедството, економската интеграција и мобилноста во Западен Балкан, како и за реализација на Зелениот договор и Заедничкиот регионален пазар. Беа истакнати придобивките од конкретните иницијативи и договори постигнати во рамки на Берлинскиот процес, кои го унапредуваат европскиот дух и поврзаноста на регионот со Унијата. Во текот на средбата беа разгледани и можностите за продлабочување на партнерството во иднина, преку интензивирање на соработката во клучните сектори, пренос на европско знаење и експертиза, како и преку заеднички проекти насочени кон подобрување на животот на граѓаните и приближување кон европските стандарди.