Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Муртезани и Суперти со заедничка заложба за напредок на реформите и отворање на првиот Кластер

Во рамките на дводневна работна посета на институциите на Европската Унија во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на дводневна работна посета на институциите на Европската Унија во Брисел, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска оствари средба и со Валентина Суперти, директорка во Генералниот директорат за проширување и источно соседство (ГД ЕНЕСТ) при Европската комисија.

Дискусиите се одвиваа во контекст на напреднатата фаза на подготовките за отворање на Кластерот 1 (Фундаментални вредности), при што посебен акцент беше ставен на исполнувањето на одредниците за отворање кои се предуслов за отворање на овој кластер, дефинирани во Преговарачката рамка. Министерот Муртезани информираше дека Владата на Македонија веќе ги финализира суштинските стратешки документи: Патоказот за владеење на правото, како и придружниот Акциски план за заштита на правата на припадниците на малцинствата и заедниците и Патоказот за реформа на јавната администрација; со што практично се заокружува исполнувањето на условите и се отвора патот кон формално отпочнување на преговорите почнувајќи со отворање на првиот Кластер.

МЕП Муртезани нагласи дека овие документи се резултат на темелна координација со Европската комисија и вклучување на релевантните чинители од институционалниот, граѓанскиот и експертскиот сектор, вклучително и јавни презентации пред надлежните собраниски тела. Финалната верзија на документите се усогласува со Европската комисија, пред нивното формално усвојување од Владата.

Реклама

Дополнително, на средбата беа разгледани тековните активности поврзани со имплементацијата на Реформската агенда 2024–2027 и Планот за раст за Западен Балкан, вклучително и процесот на евалуација на првото Барање за исплата на средства, доставено до Европската комисија на 14 март годинава. Се разговараше и за реформите планирани за реализација до јуни 2025 година, особено во областа на енергетиката, дигиталната трансформација, деловното окружување и владеењето на правото.

Суперти ја поздрави посветеноста на Владата во исполнувањето на своите обврски и проактивниот пристап во градење функционална институционална структура за управување со евроинтегративниот процес. Соговорниците ја истакнаа важноста од редовна и отворена комуникација, како предуслов за кредибилна европска перспектива и остварување на јасни резултати во приближувањето кон ЕУ.