Реклама

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

Македонија

Муртезани: ЕУ не одбива уставни измени со одложено дејство

Брисел покажува заинтересираност за планот на власта за откочување на евроинтеграциите –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брисел покажува заинтересираност за планот на власта за откочување на евроинтеграциите – овој заклучок доаѓа откако предлогот за уставни измени со одложено дејство не беше одбиен од шефицата на Европската комисија, дециден е министерот за европски прашања. Власта настојува на решение кое ќе ја заштити Македонија од подоцнежни условувања од Бугарија и понатамошна билатерализација на целиот процес. Орхан Муртезани очекува дека веднаш по изборите во Бугарија ќе започне дијалог помеѓу двете влади, кој ќе доведе до решение за блокадата на патот кон ЕУ.

Нашето настојување за уставни измени со одложено дејство, има слух. Да не се дозволи понатамошна билатеризација на проблемот после уставните измени. Ние сме спремни во владата, но сакаме да го обезбедиме процесот. Да не се дозволи понатамошна билатерализација и откако ќе се отвори, процесот да трае вечно. Мора да се заштитиме. Што се однесува до новата бугарска влада, ние изразивме спремност за дијалог, ние сега немаме никаква комуникација, и првиот чекор ќе биде воспоставување дијалог што би не довел до барање решение. Не е само наш интерес да бидеме во ЕУ. Мислам дека од интерес и за Бугарија е, првиот сосед да и биде во ЕУ, рече Муртезани.

Уставните измени не се единствениот услов за приближувањето на Македонија кон европското семејство – мора да ги средиме работите дома, да спроведеме реформи, да се европеизираат институциите. Силна борба ќе биде потребна против корупцијата и организираниот криминал, ќе треба да се работи на владеење на правото и независно судство.

Реклама

Муртезани кој на брифинг со новинарите ја презентираше Реформската агенда од Планот за раст со ЕУ рече дека ќе им дели зелен, жолт или црвен картон на неговите колеги од Владата, за исполнувањето или неисполнувањето на реформите.

Ако ние сме усвоиле одредена реформска агенда, ако сме превземале одредена обврска, мора се да биде хармонизирано. Од скрининг извештаи, преку реформската агенда, заедно со патоказите за отворање на кластерите. Ние како министерство не навлегуваме во содржината во тие реформски чекори. Тоа го прават посочените министерства, ние само го координираме целиот процес. Но ако одредено министерство презело обврска, за решение или акциски план, тоа мора да се направи. На владина седница ако треба ќе се даде зелен картон на тој што ја завршил работата, жолт како предупредување, а црвен картон ако некој не ги спроведе реформите, рече Муртезани.

Првиот дел, од 52 милиони буџетска поддршка треба да стигнат до крајот на годинава откако најдоцна за две недели Собранието ќе ги рарифукува потребните договори. Ако се спроведе целосно реформската агенда, до 2027 година земјава ќе добие 750 милиони евра, Македонија во следните три години ќе треба да спроведе конкретни, закони и стратегии – а меѓу областите се и судство, борба против корупција, човечки капитал, администрација, дигитализација, зелена енергија…