Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Муртезани: Еден од трите топ приоритети на Владата е борбата против корупцијата

Еден од трите топ приоритети на Владата е борбата против корупцијата, при…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еден од трите топ приоритети на Владата е борбата против корупцијата, при што големо е значењето на владеењето на правото и борбата против корупцијата во рамки на процесот на нашето пристапување во Европската Унија, изјави денеска министерот за европски прашања, Орхан Муртезани на заедничката прес-конференција во Скопје со австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм и словенечката државна секретарка во Министерството за надворешни и европски прашања, Нева Грашич.

Муртезани одговарајќи на новинарско прашање за тоа како гледа на борбата против коруцијата и реформите на правосудството, во контекст дека судовите не спроведуваат одлука за австриска фирма, која има пресуда од арбитражен суд, истакна дека не постои друг пат за спроедување на реформите освен европскиот, но напомена дека во моментот нема информации за конкретниот случај.

Министерот на прес-конферернцијата истакна дека секогаш е вистинско задоволство кога во Скопје доаѓаат наши пријатели од Австрија и од Словенија, земји со кои нѐ поврзуваат искрени пријателства, долгорочни партнерства и длабока европска блискост.

Реклама

-Во тој контекст, би сакал, пред сè, да упатам искрена благодарност до Австрија и Словенија за помошта што ни ја пружија во гаснењето на пожарите изминативе лета. Поддршката од австриските пожарникарски тимови и донацијата на специјализирани противпожарни возила од Покраината Тирол е вистинско пријателство на дело. Исто така, длабоко сме благодарни за брзата и ефикасна реакција на словенечките служби и тимови кои помогнаа при справувањето со огнените стихии, покажувајќи вистинска европска солидарност и човечка блискост во моменти кога најмногу беше потребно. Ја користам оваа прилика, преку вашето присуство, госпоѓо Плаколм и госпоѓо Грашич, да изразам длабока благодарност и до словенечкиот и до австрискио народ за искрената солидарност и човечката блискост што ги покажаа во тие критични моменти. Таа подготвеност да се помогне без двоумење ја надминува рамката на институционална соработка – тоа е израз на вистинско заедништво и доверба меѓу нашите земји, рече Муртезани.

Тој истакна дека на средбата со Плаколм и Грашич разговарале за за зајакнувањето на соработката во европските интеграции и институционалното поврзување, економската соработка, енергетската транзиција и развојот на одржливи политики во полза на граѓаните.

-Австрија и Словенија се меѓу нашите најдоследни партнери и поддржувачи во процесот на пристапување кон Европската Унија, но и во напорите Северна Македонија да остане двигател на стабилноста и реформите во регионот. Австрија, преку својата активна поддршка во рамките на политиката на проширување и преку Австриската агенција за развој, е присутна во повеќе сегменти на нашите реформски процеси: од зајакнувањето на институциите и владеењето на правото, до економскиот развој и заштитата на животната средина. Словенија, земја со која нѐ поврзува заедничко минато и со која имаме долга традиција на пријателство и меѓусебно разбирање, е исто така значаен сојузник во пренесувањето на искуствата од пристапните преговори, во техничката помош, како и во спроведувањето на конкретни проекти поддржани со словенечки развојни средства: во енергетиката, дигитализацијата, образованието и локалниот економски развој, додаде Муртезани.

Тој истакна дека оваа плодна соработка е дел од една поширока, европска приказна за заеднички напредок, стабилност и споделени вредности.

-Уверен сум дека денешните разговори ќе придонесат за уште поинтензивна и покоординирана соработка меѓу трите земји, во духот на заедничката европска агенда. Македонија останува посветен и доверлив партнер, ние како Влада сме решени да продолжиме со реформите и со активен придонес кон стабилноста, солидарноста и единството на Европската Унија, додаде министерот за европски прашања.