Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Муцунски: Во НАТО се уште се дискутира за издвојување пет отсто од БДП за одбрана

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на новинарско…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на новинарско прашање во врска со тоа дали земјава како земја-членка на НАТО е подготвена да ја прифати целта да се издвојува пет отсто од БДП за одбраната, рече дека тоа прашање се уште е предмет на дискусија.

-Вчера бев на неформалниот состанок на земјите-членки на НАТО во Анталија. Се уште прашањето е во форма на дискусија. Но мое очекување е дека Алијансата ќе изгради консензус по ова прашање до Самитот којшто ќе се одржи во Хаг, а тоа е иницијатива која што ја предводи нашиот стратешки партнер САД. Иницијатива која што исто така ја застапува и генералниот секретар господинот Руте. Гледаме иницијатива која што е поддржана и од најголем дел од нашите партнери коишто се и земји членки на ЕУ, рече Муцунски.

Тој истакна дека нема никаква дилема оти и ние како држава сме покажале со достигнувањата на минималниот праг од два отсто дека сме подготвени за нови предизвици.

Реклама

-Постојат очекувања дека ќе постигнеме консензус, сите иницијативи коишто ги предводи САД, како Франција, Германија, господинот Руте како генерален секретар, ние како одговорна членка на Алијансата, да, ќе ги поддржиме, посочи Муцунски одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со неговата австриска колешка Беате Мајнл-Рајсингер.

Премиерот Христијан Мицкоски, вчера на прес-конференцијата со претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта, одговарајќи на новинарски прашања рече дека Македонија е меѓу оние земји членки на НАТО кои веќе ги надминуваат стандардите за буџетски издвојувања за одбраната, со повеќе од 2,5 проценти од Бруто домашниот производ (БДП). -Македонија одамна има буџет за одбраната кој е над 2 проценти. Со проектите за модернизација на Армијата и инфраструктурните проекти, овие трошоци ќе растат, изјави Мицкоски.

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера од Анталија во интервју за „Фоксњуз“ изјави дека на претстојниот самитот на НАТО во јуни, во Хаг, сите членки ќе се согласат за зголемување на средствата за одбрана во следната деценија на пет проценти од БДП. -Можам да ви кажам дека за шест недели имаме состанок каде што речиси секоја членка на НАТО ќе биде на два или повеќе проценти од БДП, но што е поважно, многу од нив ќе бидат на над четири проценти, и сите ќе се согласат за целта од пет проценти во текот на следната деценија, рече шефот на американската дипломатија.

Самитот на НАТО ќе се одржи на 24 и 25 јуни во Холандија.