Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Муцунски на состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“ во Виена

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вчера во Виена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вчера во Виена учествуваше на состанокот на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, одржан на покана на австриската министерка за европска и меѓународна политика, Беате Мајнл-Рајзингер.

На состанокот, како што соопшти денеска Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, учествувале и министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ кои се дел од групата „Пријатели на Западен Балкан“ – Австрија, Чешка, Грција, Италија, Словачка, Словенија и Хрватска – министрите за надворешни работи на земјите од регионот, како и високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

Состанокот бил поделен во две тематски целини: работна сесија посветена на „Приоритетите во интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ“ и работна вечера на тема „Енергетика, безбедност и интеграција во ЕУ“.

Реклама

Во своето обраќање, министерот Муцунски ја истакнал силната заложба на Македонија за забрзување на пристапниот процес и продлабочување на политичкиот дијалог и практичната соработка со Европската унија во рамките на фазната интеграција. Тој нагласил дека процесот веќе носи конкретни резултати за граѓаните и економиите, преку спроведувањето на Планот за раст, забрзувањето на трговијата со „Зелените ленти“, приклучувањето кон SEPA и други иницијативи.

Министерот уште еднаш ја посочил неопходноста од обезбедување предвидлива и кредибилна европска перспектива за Македонија и регионот, истакнувајќи ја цврстата посветеност на државата кон Европскиот пат преку спроведување на реформите, високата усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, континуираниот придонес кон европската безбедност и поддршката за Украина. Тој оценил дека овие резултати ја потврдуваат зрелоста на земјата како доверлив и предвидлив партнер на Унијата. Воедно укажал дека политичките блокади кои не се засноваат на европските критериуми го поткопуваат кредибилитетот на проширувањето и се спротивни на основите на европскиот проект.

Муцунски истакнал дека е неопходно суштинско забрзување на процесот преку подобра синхронизација на пристапните преговори со фазната интеграција, поинтензивно вклучување на кандидатите во секторски политики на Унијата и намалување на административните бариери. Тој оценил дека комуникацијата со европската јавност мора значително да се подобри, особено во делот на информирањето за придобивките од проширувањето и неговата важност како инвестиција во заедничката безбедност, економскиот раст и долгорочната стабилност.

Во делот на енергетските теми, министерот ја нагласил важноста од заеднички пристап кон енергетската безбедност, диверзификација на изворите, пристап до обновливи енергии и подлабока интеграција на земјите од регионот во европскиот енергетски пазар, посочувајќи дека ова е клучно за економската конкурентност и стратешката отпорност на континентот.