Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Муцунски ја пречека Каја Калас во Скопје: Недвосмислената европска перспектива во фокус на разговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимцо Муцунски денес во Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимцо Муцунски денес во Скопје ја пречека високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

-Пред нас е исполнета агенда со повеќе средби, на кои очекувам конструктивна и отворена дискусија, потенцира Муцунски.

Во фокусот на разговорите ќе биде недвосмислената европска перспектива на нашата држава, целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на унијата, потребата од забрзување на процесот на пристапување, како и континуираната посветеност на спроведувањето на реформите.

Реклама

-Во рамки на посетата ќе се одржи и Првиот дијалог за безбедност и одбрана со Европската Унија, во контекст на Партнерството за безбедност и одбрана, потпишано во ноември 2024 година, што претставува значаен во продлабочувањето на соработката со Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика, додаде Муцунски во објавата на својот фејсбук профил.