Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Муцунски и Муртезани на средба со Калас: Потврдена посветеноста на реформите и европската агенда

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заедно со министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заедно со министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска во Брисел остварија средба со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија, Каја Калас.

Како што соопшти МНРиНТ, средбата се одржала во рамки на нивната работна посета на Брисел, а во контекст на континуираната посветеност на државата кон европскиот интегративен процес и заедничките напори за продлабочување на партнерството со Унијата во областа на безбедноста и одбраната.

-Муцунски и Муртезани ја потврдија посветеноста на реформите, европската агенда и унапредувањето на соработката со ЕУ во доменот на безбедноста и одбраната. Тие ја реафирмираа и целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, поддршката за Украина, како и значењето на регионалната поврзаност и стратешките инфраструктурни проекти, меѓу кои и Коридор 8, стои во соопштението на Министерството.

Реклама

Двајцата министри упатиле порака за важноста од предвидлива, фер и опиплива европска перспектива за целиот регион, нагласувајќи дека забрзаната и фер динамика на процесот ќе придонесе за зајакнување на кредибилитетот на проширувањето, демократската отпорност и безбедноста на регионот и Европа, додаваат од Министерството.