Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Mоже ли Maкедонија реално да се надева на реформи во ЕУ за начинот за одлучување за прием на нови членки?

Вратата на Европската Унија со години стои подотворена за Македонија, но клучот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вратата на Европската Унија со години стои подотворена за Македонија, но клучот што треба да ја отклучи – правото на вето – сè уште е цврсто во рацете на земјите-членка. Додека сведочиме на декларативна поддршка од европејците, земјава како кандидат очекува вистински чекори и гаранција дека проширувањето е високо на агендата. И токму најновите пораки од земји членки на ЕУ, може да се толкуваат како едно придвижување – најави за промена на политиките, од консензус кон квалификувано мнозинство – што би значело дека повеќе нема да може една држава да го блокира целиот процес. Токму ова би ѝ овозможило на Македонија конечно да го избегне бугарското вето.

Експертите ја поздравуваат оваа иницијатива –  но како и кога би се реализирало е неизвесно.

Идејата за изземање на политиката на проширување од областите во кои се одлучува со консензус не е нова, но сега е ново тоа што голем број членки отворено застануваат зад оваа иницијатива. Очекувам дека и други земји ќе се приклучат, но проблемот е што, за да се изземе проширувањето од корпусот на политики за кои одлуките се носат со консензус, мора да се постигне согласност. Сите членки треба да се согласат дека ќе се откажат од правото на вето во процесот на проширување. Сметам дека некои членки нема да се согласат со ова, бидејќи веруваат дека со овие кандидати сега, или можеби некои нивни во иднина, би можеле да влезат во некаков спор, и затоа не би се воздржале од употребата на ова силно средство што им го дава членството во ЕУ, вели универзитетскиот професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции, Васко Наумовски.

Реклама

Ваквите заложби, за укинување на ветото, за кои и претходно се зборуваше, сега добиваат и конкретна политичка поддршка. Вчера австриската министерка за Европа Клаудија Плаколм, најави дека нејзината земја ќе се залага за промена на моделот на одлучување во Европската Унија, од консензус кон квалификувано мнозинство – и ова нема да значи губење на гласот на државите, туку спречување на злоупотреби кои го кочат напредокот.Поддршка за оваа идеја пристигна и од Словенија. Државната секретарка во словенечкото МНР, Нева Грашич, повтори дека местото на Македонија е во ЕУ, нагласувајќи дека не смее да се дозволи процесот на проширување да биде жртва на внатрешни блокади. Оваа иницијатива е поддржана од 16 земји членки – па се очекува, тоа да го покажат и на дело.

Во изминатите десетина години се наоѓаме во ситуација каде што ЕУ и државите членки многу повеќе зборуваат отколку што дејствуваат. Секоја декларативна поддршка е добра, но мора да биде проследена со вистински чекори и конкретни одлуки. Ако нема конкретни чекори – како заобиколување на правото на вето што го злоупотребува една членка, или ставање на проширувањето повисоко на агендата – тогаш таа декларативна поддршка нема да ни користи, вели Наумовски.

И претседателот на Европскиот совет Кошта на Самитот во Копенхаген излезе со предлог за реформа на начинот на одлучување во ЕУ – наместо досегашната едногласност, да се применува квалификувано мнозинство. Но, идејата брзо наиде на отпор од неколку земји-членки.

Позитивни пораки и заложби да се забрза проширувањето се очекува и од претседателката на ЕК Фон дер Лајен која следната среда доаѓа во посета на Македонија.