Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Митрески ќе го менува Џафери во Собрание, Зечевиќ шеф на изборниот штаб на СДСМ

Извршниот одбор на СДСМ со акламација го избрал Јован Митрески за кандидат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Извршниот одбор на СДСМ со акламација го избрал Јован Митрески за кандидат за претседател на Собранието, а претседателот на партијата и премиер Димитар Ковачевски добил овластување за подготвителни разговори и консултации со парламентарните партии за техничка влада. Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ ќе биде шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ.

„Извршниот одбор на СДСМ го потврди предлогот на претседателот Ковачевски и кандидат за нов претседател на Собранието го избра со акламација Јован Митрески, досегашен координатор на пратеничката група на СДСМ. Митрески е долгогодишен пратеник, со големо искуство, отворен, чесен и посветен на интересот на граѓаните и на државата докажан во целиот негов досегашен ангажман во Собранието. Сигурни сме Митрески ќе ја извршува функцијата на највисоко ниво и во интерес на граѓаните, изјави портпаролот на партијата Дарко Каевски.

Претседателот на СДСМ Ковачевски, како што рече Каевски, добил овластувања за подготвителни разговори и консултации со парламентарните партии за техничка влада, која е законска обврска.

Реклама

Извршниот одбор го задолжил генералниот секретар Зечевиќ да спроведе подготовка на роковник за постапка, начин и критериуми за избор на кандидат за претседател на претседателските избори согласно статутот на партијата.

Каевски посочи дека во наредниот период овие одлуки се очекува да бидат потврдени на седница на Централниот одбор на партијата што ќе се одржи до крајот на овој месец.