Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Митева: Институциите ги ставивме целосно во функција на граѓаните

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, за време на гостувањето во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, за време на гостувањето во една од националните телевизии се осврна на темите за економијата, враќањето на функционалноста на институциите и ставање на истите во служба на граѓаните, како и покачувањето на платите на просветните и здравствените работници. Според неа, земјата се движи во правилна насока, а потребно е да се работи и во континуитет бидејќи веќе започнатите промени се темели врз кои може државата да се движи напред, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Гледам многу голем напредок, гледам исчекор напред во тие состојби, и гледам дека се дава еден добар индикатор за тоа која е предвидливоста за периодот којшто следи. Во овој момент, сметам дека Македонија е на правилната патека, во правилната насока, и дека мора да продолжиме овие темели кои што ги воспоставуваме денеска континуирано да ги градиме од ден за ден“, вели Митева.

Митева се осврна на темата за економијата во земјава и истакна дека има јасни индикатори на стабилизација, а тоа го потврдуваат и меѓународни фактори како ММФ.

Реклама

„Имаме стабилизација на економијата, имаме 4 квартали со 3% раст на БДП, што е добар индикатор дека ќе продолжиме да се движиме во подобра насока“, рече Митева.

Митева додаде дека суштинските промени најмногу се гледаат во враќањето на институциите во нивната вистинска улога т.е во служба на граѓаните, по период на нефункционалност и застој.

„Оној систем којшто беше заборавен, каде што имавме нефункционални, ама буквално нефункционални институции, сега го враќаме и сега се става институцијата во служба на граѓанинот“, посочи Митева.

Како што вели таа, еден од приоритетите на Владата е подобрување на условите за вработените во образованието и здравството, а тоа се гледа и преку покачените плати на просветните и здравствените работници.

„Можам да набројам дополнителни, еве би ги кажала образованието, здравството и покачувањето на платите кои што ги направивме изминативе месеци како Влада односно 12% за образование, 14% за здравствени работници“, истакна Митева и додаде:

„Не смееме тука да застанеме, затоа велам не е едноставна работата. Мислам дека во генерална конотација, работите одат во правилна насока“.