Реклама

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Македонија

Мисајловски: Војниците ќе добијат нови униформи, чекор по чекор ќе ја промениме ситуацијата од корен

Со години наназад не се купувала борбена униформа за војниците, не се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со години наназад не се купувала борбена униформа за војниците, не се купувале чизми, се даваа толку многу опрема и пакети за Украина, а не велам дека не требало, но требало тоа да се искомпензира на друг начин како што други земји тоа го направиле, рече министерот за одбрана.

Во овој момент сакам да знаете дека околу 100 милиони денари ќе се распише тендер за нова борбена униформа, за нови чизми, за се она што следи и е потрено согласно правилниците за војниците, зборувам за целосна опрема. Следната година ќе има уште повеќе средства за целосно подобар изглед и за се она што им е потребно на војниците. Паралелно направивме договор за 4.000 комплети за борбена униформа со Турција, склучивме договор за чизми, мораме паралелно да ги правиме за да ги подобруваме условите на војниците, истакна Мисајловски.

Мисајловски рече дека моменталната ситуација не може да се промени наеднаш, но беше дециден дека тој чекор по чекор ќе ја промени таа ситуација за која во минатото не се грижел никој.