Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Македонија

Мисајловски-Хелес: Зајакнување на партнерството и довербата во одбраната меѓу Македонија и Босна и Херцеговина

Безбедноста и стабилноста се врвни приоритети за Македонија и Босна и Херцеговинаи.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Безбедноста и стабилноста се врвни приоритети за Македонија и Босна и Херцеговинаи. Без овие предуслови не е возможно да се говори за развој во други области, како што е економијата, порача министерот за одбрана Владо Мисаајловски по средбата со неговиот колега од Босна и Херцеговина Зукан Хелес кој е во официјална посета на нашата земја.

Во разговорот со министерот за одбрана Хелез, Мисајловски упатил уверување дека Северна Македонија како членка на НАТО го поддржува процесот на интеграција на Босна и Херцеговина во Алијансата, и дека е подготвена да ги сподели искуствата и да помогне со цел зајакнување на партнерството меѓу двете земји.

-На министерот Хелез му упатив уверување дека како земја членка на НАТО, Босна и Херцеговина ја има нашата поддршка во засилување на односите со Алијансата. Подготвени сме да ги споделиме нашите искуства во процесот на интеграција во НАТО, што сметам дека како пријателски земји мора да го направиме, да се поддржуваме и да си помагаме во остварување на нашите цели за подобро утре на нашите граѓани, истакна Мисајловски на заедничката прес-конференција.

Реклама

Министерот нагласи дека Македонија останува безрезервно посветена на својот придонес во мировната мисија АЛТЕА на Европската унија, која има за цел да ги одржи стабилноста и сигурноста во Босна и Херцеговина, при што во моментов учествуваат 33 македонски припадници. Мисајловски ја изрази и својата благодарност за соработката и отвореноста, потенцирајќи дека засилената соработка ќе влијае на зацврстување на регионалната безбедност и стабилност.

Министерот Хелес се  заблагодари за помошта во образованието на нивните питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и нагласи дека Македонија е втора земја после Турција во која Босна и Херцеговина испраќа свои питомци.

– Покрај темата за питомците раговарамвме за евриатланските интеграции. Македонија и Босна имаат сличен состав како мултиетничи држави. Во моментов ги поминуваме фазите кои вие ги поминавте за пристапот во НАТО, го испонуваме програмот за реформи, а не довршена цел ни е и  пристапот во ЕУ каде имаме ист или сличен пат кон тоа членство, потенцира Хелес.

Информираше дека разговарале и за развојот на соработката во индустријата каде БиХ, според него, ја има една од најразвиените наменски индустрии во Западен Балкан.

– Ние сме во една експанзија кога е во прашање на производството на муниција и вооружувањето. Ќе разговараме и за користење на полигоните кои Северна Македонија ги има и иако се големи се надеваме ќе ги здоволат потребите  на наменската индустрија на БиХ, истакна Хелес

Двете делегации во рамките на посетата ќе присуствуваат и на отпочнувањето на новата студентска година на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, каде оваа година има повеќе питомци од Босна и Херцеговина, што дополнително ја докажува искрената намера за градење партнерства и доверба.