Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Министерството за одбрана го чека извештајт на ДКСК за набавката на 8-те хеликоптери од италијанскиот „Леонардо“

Владата ќе мора да го испочитува потпишаниот договор за набавка на 8…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата ќе мора да го испочитува потпишаниот договор за набавка на 8 хеликоптери од италијанскиот „Леонардо“ и покрај тоа што конечната цена е висока. Министерот за одбрана Мисајловски вели дополнителни тимови ќе работат за спроведување на набавката, но истоврмено ќе чекаат и Атикоурпциската комисија да ги заврши проверките дали законски е склучена набавката, информациите да ги достави и до нив како засегната страна.  

  • „Имаме потпишан договор кој чини навистина премногу со „Леонардо“ за пристигнување на осум хеликоптери, и вече вчера имавме еден состанок со амбасадорот и новото атеше, разговаравме за повеќе работи и сега треба да се формираат дополнителни тимови каде ќе започне оваа постапка и за да се почитува договорот. Мислам и дека знаете, имаше една претставка до ДКСК за овој предмет, се уште немаме добиено информации. Еве ако може во оваа прилика да повикам да се разгледа и таа претставка да стигне до нас за да знаеме што се случувало во минатото. Но она што е склучено по договор ние мора да продолжиме да го работиме,а тоа е една огромна набавка преку 300 милиони евра за нови осум хеликоптери. Првиот се очекува да стигне во 2026-тата година“ рече Мисајловски.

Контроверзниот договор со италијанската компанија „Леонардо“ беше склучен на 100 дена пред изборите, но тогашната министерка Петровска тврдеше дека се било според закон. Набавката беше сомнителна бидејќи на тендерот биле пријавени и други светски компании за да и испорачаат на Македонија хеликоптери но сепак изборот паднал на италијанската иако цената е превисока.

Во однос на воената помош за Украин, стигнало ново барање Македонија да и испрати помош. Прво ќе се направи проценка на она што сме дале и како што рече Мисајловски па одобрувањето наскоро ќе се најде на владина седница.

Реклама
  • „Има дополнителен пакет за помош на Украина, мислам дека многу скоро ќе се најде на седница на Влада. Чекаме сите да добијат безбедносен сертификат, бидејќи некои од информациите се со доверлив карактер. Набрзо ќе се пушти таа информација и ќе се обзнани каква опрема ќе се дава. Согласно регулативата, ние секоја година треба да издвојуваме средства за помош на Украина, согласно тоа дека сме членка на НАТО.Важно е овој период да направиме проценка на сето она што сме го дале како земја, бидејќи во овој момент ние сме петти донатор на Украина и тоа ќе продолжи во иднина. Тоа е важно за Украина и важно за нас да покажеме дека сме стабилна членка на НАТО“, кажа Мисајловски.

Одбрана ќе започне и со планирање на буџетот на следната година. Министерот учекува да бидат обедбедени 2,3 отсто од БДП за македонската армија.