Реклама

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Македонија

Министерство за спорт: СИТЕ ЗАСЛУЖУВААТ ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ! Одбележан 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска во Владата присуствуваше на одбележувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска во Владата присуствуваше на одбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост. На одбележувањето присуствуваа и вицепремиерот за политички систем, Љупчо Димовски, министри и заменици министри во Владата, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, како и в.д. постојаниот координатор на ООН, Армен Григорјан. Заедничката порака беше дека инклузијата не е избор – таа е обврска, се вели во соопштението од Министерството за спорт.

Министерот Ристовски оддаде почит на храброста и упорноста на лицата со попреченост и ја истакна важноста на еднаквите можности и инклузијата во општеството.

Тој истакна дека Министерството за спорт продолжува со континуирани активности за создавање услови за вклучување на лицата со попреченост во спортот, со цел спортот да биде достапен за секој поединец .

Реклама

-Секој човек заслужува еднакви можности и достоинствен пристап. Нашата цел е да ја унапредуваме достапноста, поддршката и условите за лицата со попреченост. Како Министерство за спорт, континуирано работиме да создадеме реални можности за нивно активно вклучување во спортот – затоа што спортот е право, мотивација и сила за секого – изјави министерот Борко Ристовски.