Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Министерот за здравство Алиу побара надлежните институции да откријат зошто десет години се чувал опасен отпад во зградата на Институтот за јавно здравје

По отсранувањето на десет тони опасен хемиски отпад, кој повеќе од десет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По отсранувањето на десет тони опасен хемиски отпад, кој повеќе од десет години се чувал во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во Скопје, министерот за здравство, Азир Алиу денеска побара институциите да делуваат и да откријат зошто толку време се чувал тој опасен отпад во центарот на Скопје и како што рече „тоа е жално и непрофесионално во најмала рака“.

-Знаете дека профилот на министерството не е да трча по одговорни лица и институции, тоа се други надлежни институции кои што треба да се занимаваат. Наша надлежност е да имаме околина која што не е контаминирана. Така што за да можат нашите граѓани да се движат безбедно и тоа го направивме, понатаму институциите ќе треба да делуваат и да најадат зошто толку време требало да биде во центарот во Скопје таков тип на отпад. Тоа е жално и непрофесионално во најмала рака- изјави Алиу. 

Тој додаде дека отпадот е професионално отсранет. Прашан дали и во други здравствени институции има таков тип на отпад, Алиу одговори дека во моментов нема такви информации, но како што рече, ако има и нема да го изненади. 

Реклама

Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска синоќа на социјалните мрежи напиша дека отпадот е безбедно отстранет и нема да остане во државата, туку ќе биде согорен надвор. 

-Спречена хаварија, безбедно отстранет 10 тони опасен хемиски отпад, чуван непрописно повеќе од 10 години и претставуваше сериозна закана за безбедноста и јавното здравје. Државата се сака со работа и дела! Благодарност до сите кои учествуваа во оваа активност, која не беше нималку лесна, информираше синоќа на својот фејсбук профил  Андоновска.