Реклама

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Македонија

Министерот Ристовски го отвори Меѓународниот карате турнир „Гранд при Скопје 2025“

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и со вицепремиерот и министер за политички систем, Љупчо Димовски, денеска присуствуваше на свеченото отворање на Меѓународниот карате турнир „Гранд при Скопје“, што се одржува во спортската сала на ООУ „Антон Димитров“ во населбата Бутел, во организација на КК „Цветан Димов“.

Овој голем спортски настан, како што информираат од Министерството за спорт, втора година по ред се одржува во чест и во спомен на Игор Лазарев – истакнат карате судија со највисока светска лиценца и човек кој остави длабока трага во македонското карате и во спортската заедница.

-Турнирот обединува 523 каратисти со вкупно 712 натпреварувачки влезови, претставници на 67 клуба од 15 држави. Македонија оваа година ќе ја претставуваат 378 каратисти со 490 натпреварувачки влезови. Тоа е уште една потврда за високото реноме што го има турнирот, традицијата што ја негува КК „Цветан Димов“ и за популарноста на овој спорт во Македонија, соопшти Министерството за спорт.

Реклама

Министерот Ристовски, се вели во соопштението, упати честитки до организаторите и им посака успешен настап и фер борби на сите учесници, истакнувајќи дека карате спортот претставува важен сегмент од спортската култура и воспитување на младите генерации.