Реклама

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Македонија

Министерот Горан Минчев на работен состанок со високи претставници од Секретаријатот за Партнерство за отворена власт

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари работен состанок со високи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари работен состанок со високи претставници од Секретаријатот за Партнерство за отворена власт (ПОВ), Пол Брејтвејт, регионален лидер за Европа, Сандра Пернар, регионален координатор за Европа и Метју Трамонти, службеник за истражување во Независниот механизам за известување.

Средбата се одржа во рамки на официјалната посета на делегацијата од Секретаријатот на ПОВ на Република Македонија, а разговорите беа фокусирани на продлабочување на партнерството, тековните реформски процеси и можностите за зајакнување на принципите на отворено владеење.

Министерот Минчев ја истакна поддршката за иницијативата за одржување владина седница посветена на ПОВ.

Реклама

„Оваа седница ќе испрати силен сигнал за висока политичка заложба кон транспарентноста, отчетноста и вклученоста – вредности на кои Владата ја темели својата работа“ – посочи Минчев.

Според него, ваквиот формат ќе овозможи проценка на напредокот, дефинирање на идните чекори и отворање на дијалог за нови идеи и иницијативи.

Во разговорот беа нагласени и приоритетите на Министерството, кои се тесно поврзани со отвореното владеење – унапредување на пристапот до информации, транспарентност, отчетност и активно вклучување на јавноста во креирањето политики.

„Овие принципи не се паралелен процес, туку суштина на нашето секојдневно управување“ – рече Минчев.

Дополнително, се разговараше за реформата на јавната администрација како можност за зголемување на ефикасноста и довербата преку зајакнување на граѓанското учество и отворање на институциите кон јавноста. Министерот нагласи дека е потребно создавање простор за граѓанскиот сектор и воспоставување нови механизми за дијалог и соработка.

Во контекст на претстојниот Глобален самит за ПОВ што ќе се одржи во октомври, соговорниците разменија мислења за начините на кои Република Македонија може да ги презентира своите заложби и напредок во областите како што се антикорупција, дигитализација и партиципативно креирање политики.

Средбата потврди заедничка посветеност на вредностите на отвореното владеење како двигател на реформите и демократските процеси во земјата.