Реклама
Македонија

Министерката Божиновска се сретна со новото раководство на „САСА“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари работна средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари работна средба со Гавин Ферар, главен извршен директор на Централ Азија Металс (CAML) – британска компанија во чиј состав е рудникот „САСА“ од Македонска Каменица, како и со Џејмс Караматич, новоименуван генерален директор на Рудникот „САСА“.

Главна тема на средбата беа условите за работа, безбедноста на вработените и идните планови за развој на компанијата во согласност со националната стратегија за одржливо рударство.

Министерката Божиновска ги информираше соговорниците за новиот Закон за енергетика и за законските решенија кои се однесуваат на рударството, со акцент на воведувањето построги стандарди за заштита на животната средина, зголемување на транспарентноста во работењето на компаниите, поголема контрола врз безбедноста и здравјето при работа, како и за обврската за инклузивен дијалог со локалната заедница.

Реклама

-Нашата цел е да обезбедиме јасни правила на игра за компаниите и највисоко ниво на заштита на граѓаните и животната средина. Рударството треба да се развива на одржлив начин, кој ќе обезбеди и економски раст и сигурност за работниците, истакна министерката Божиновска.

Претставниците на компанијата ја поздравија законската иницијатива и изразија подготвеност за целосно усогласување со новите стандарди Тие нагласија дека како дел од стратегијата за одржлив развој во изминатите седум години во „САСА“ веќе е вложенo во современа рударската опрема, дигитализација, обука и професионален развој на вработените, воведување на најсовремени технологии и стандарди во производството и заштитата на животната средина, како и во подобрување на условите за работа и безбедноста, која, нагласија, е највисок приоритет. Тие изразија подготвеност за поддршка на институционалниот дијалог кој треба да овозможи натамошен одржлив развој на рударскиот сектор во земјата, според најдобри практики и стандарди за одговорно рударство.