Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Милошоски: Измените на Законот за Судски совет се за квалитативно кадровско подобрување

Реформите во Судскиот совет се една од клучните теми за напредок во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реформите во Судскиот совет се една од клучните теми за напредок во борбата за владеење на правото, а измените во Законот за Судски совет се во смисла на подобрување на квалитетот на оние кои конкурираат, изјави потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, кој истакна дека e започната процедурата за новиот закон за Судскиот совет.

-Реформите во Судскиот совет се една од клучните теми за да можеме да направиме чекор напред во оваа борба за владеење на правото и во обвинителството. Измените во Законот за Судски совет се подобрување на стандардите во смисла подигање на квалитетот на оние коишто можат да конкурираат да бидат членови на Судскиот совет и појасно дефинирање на она апстрактна и често злоупотребувана фраза „истакнат правник“. Тоа би требало да биде сега нешто прилично по сериозно. Нам ни е битно во тој Судски совет да има луѓе кои што  ќе можат да го вратат авторитетот на Судскиот совет, којшто сега е понизок и од нискиот рејтинг на правосудството во целина, рече Милошоски.

Милошоски наведе дека во минатото често давал критики и ставови за претседателите на судскиот совет, бидејќи според него, на крајот цената ја плаќа владата, а не оние кои не ги исполниле очекуваните обврски во однос на владеење на правото.

Реклама

-И затоа сум имал често и свои ставови и одредени критики кон претходниот претседател на Судскиот совет, актуелниот претседател на Судскиот совет, кон Весна Дамева, кон сите нив, затоа што сметам дека на крајот цената ја плаќа Владата без разлика дали тоа била претходната или сегашната, а не ја плаќаат цената оние кои што не си ги исполнуваат задачите кои се очекуваат од јавноста оправдано по однос на владеење на правото, рече Милошоски.

Дополни дека за следната година секако се предвидени повеќе средства, но, како што рече „мислам дека и судиите и обвинителите ќе треба навистина подобро да ги оправдаат“.