Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

Милошоски – Холовња: Продлабочување на парламентарната соработка и континуирана поддршка од Полска за европските интеграции

Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски на денешната средба со потпретседателот на полскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски на денешната средба со потпретседателот на полскиот Сејм Шимон Холовња му ги презентирал случувањата во Македонија, нашите достигнувања, предизвици на патот на европските интеграции, но и очекувањата во следниот период да имаме дополнителна можност за техничка поддршка од страна на Полска за секое прашање кое е поврзано со европските интеграции. Холовња, пак, на заедничката прес-конференција истакна дека треба да го искористиме моментот бидејќи во текот на следната година, имајќи ги предвид геополитичките случувања, но и изборите во некои европски земји, можеби ќе има друга политика поврзана со проширувањето и Западниот Балкан. 

Милошоски изрази благодарност за принципиелната и континуирана поддршка што Полска ѝ ја дава на нашата држава на патот кон полноправно членство во Европската унија. Тој нагласи дека европската интеграција останува стратешки приоритет, при што напредокот во пристапниот процес треба да се темели на објективни критериуми, спроведени реформи и постигнати резултати.

Соговорниците го истакнаа значењето на политиката на проширување на Европската унија како важен фактор за стабилноста, безбедноста и економскиот развој на европскиот континент. Во тој контекст, беше нагласена важноста од задржување на кредибилната европска перспектива на земјите од Западниот Балкан.

Реклама

Милошоски на прес-конференцијата истакна дека во однос на билатералната соработка меѓу нашата земја и Полска има голем простор за унапредување на трговската размена, културата, туризмот, одбраната и многу други сектори, бидејќи Полска е една од најстабилните и најбрзорастечките економии во земјите членки на ЕУ. 

– Оваа меѓупарламентарна дипломатија исто така цениме дека е многу важна за подигнувањрто на видливоста на Македонија како држава помеѓу активните политичари во полскиот Сејм, а со самото тоа и во полското општество – изјави Милошоски. На средбата тој нагласил дека постои значителен простор за зајакнување на соработката меѓу Собранието и полскиот Сејм и за таа цел потребата од почести меѓупарламентарни средби, размената на искуства и соработката меѓу пратеничките групи за пријателство и парламентарните комисии.

На прес-конференцијата Холовња рече дека тука се дојдени да ја пренесат силната поддршка за нашите евроинтеграции. – Сакаме да ви кажеме отворено и искрено дека ние ве поддржуваме на вашиот пат кон Европската унија, дека e застрашувачки што дваесет години чекате да бидете прифатени во нашата европска заедница. Секако дека вие сте дел од  Европа – рече потпретседателот на полскиот Сејм. 

Во овој геополитички момент секоја земја треба да ја знае својата страна, а, како што рече Холовња, вашата страна е јасна бидејќи вие правите избор.

– Ние одиме во ист правец, но мислам дека во моментов времето малку работи против нас и дека процесите треба да се забрзаат и од европска страна, но и од македонската страна исто така бидејќи вашата земја ни е потребна како уште еден европски столб на стабилност и соработка во нашата ЕУ – рече Холовња. 

Холовња ја предводи делегацијате од полскиот Сејм која се сретна со парламентарната група за соработка со нашиот Парламент, а потоа денеска тие ќе се сретнат и со министерот за одбрана Владо Мисајловски.