Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Mилановиќ во Скопје: Немојте да бидете жртва на принуда, изнудување, кога станува збор за членството во ЕУ

Македонија мора да продолжи по патот кон ЕУ но не смее да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија мора да продолжи по патот кон ЕУ но не смее да дозволи понатаму да биде жртва на уцени и изнуди.

Пристапувањето да се заснова на мерит систем и копенхашки критериуми. Ова е заклучокот од средбата помеѓу претседателката Гордана Силјановска Давкова и предтедалот на Хрватска Зоран Милановиќ кој е во посета на Македонија. Во фокусот на разговорите беа и билатералните односи и регионалните предизвици.

Силјановска Давкова е децидна дека нашите проблеми се врзани за историјата, за перцепцијата на културата, па дури и за јазикот- нешта за кои не се разговара и преговара, а ветото и натаму ќе предизвикува проблеми.

Реклама

Нашите проблеми се од друга природа, нашите проблеми се врзани, што е многу чудно за историјата, за перцепцијата на културата, па дури и за јазикот, нешта за кои не се разговара и преговара. Мислам дека ветото и натаму ќе предизвика проблеми, нема да останеме осамен случај и дека на некој начин треба она што е во рамки на Копенхагеншките критеиуми да си го бараме местото, нагласи таа и додаде дека во целиот тој контекст мошне важни се и добрососедските односи.

Од Хрватска стигна силна поддршка за македонските евроинтеграции. Сепак, Милановиќ нагласи дека државата не треба да трпи никакви изнудувања во замена за членството во ЕУ. 

Вие добивате многу совети, од вашите соседи, од меѓународната дипломатија, од ЕУ, не се сите тие совети паметни, ниту корисни за вас…вие сте тие, кои ќе одлучите што е важно за вас. Само немојте да бидете жртва на некаква принуда, изнудување, кога станува збор за членството во ЕУ, порача хрватскиот претседател.

Хрватскиот претседател на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. После во Вила Водно беше пречекан со највисоки државни и воени почести.

Милановиќ и Силјановска Давкова имаа тет а тет средба а потоа се одржа и пленарен состанок на двете делегации. Средба имаше и со премиерот Христијан Мицкоски.

Денеска остварив работен ручек со хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, на кој разговаравме за можностите за продлабочување на соработката, како и за важноста на заедничките напори во справувањето со глобалните предизвици. Разговорот беше исполнет со искрени ставови, регионални перспективи и заеднички визии за иднината.

Потврдена беше поддршката за европската иднина на Македонија и јасната перспектива за членство во Европската унија. Заеднички се согласивме дека стабилна, просперитетна и интегрирана Европа е невозможна без полноправно членство на целиот регион, напиша премиерот Христијан Мицкоски.

Милановиќ го посети и гробот на Гоце Делчев во црквата Св.Спас, а се сретна и со хрватската заедница во Македонија.