Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Мицкоски: Жените се „моторот“ на општествените промени

На 20-тата Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 20-тата Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која денеска се одржува во Градскиот парк во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека жените се фундаментот на општеството, носители на борба, истрајност и промени.

– Жените низ времињата биле моторот кој усмерувал, истрајувал низ сите бури и премрежја. Денес кога гледам во колкав број и со каква енергија сме тука, јасно е дека идејата е сѐ уште жива, а мотивот поголем од било кога, изјави Мицкоски, нагласувајќи ја клучната улога на жените во градењето на државните и општествените процеси.

Во своето обраќање, тој изрази длабоко уважување кон секоја жена која со мудрост, волја и ентузијазам придонесува за иднината на државава.

Реклама

– Македонија мора да успее. И тие победи мора да се случуваат секој ден, сантиметар по сантиметар, чекор по чекор, непрестајно да се бориме за нашата иднина, порача премиерот, истакнувајќи дека оваа борба е заедничка и дека секоја жена е дел од тој процес.

Мицкоски упати благодарност до претседателката Жаклина Пешевска и сите членки на Унијата на жени, нагласувајќи дека нивната посветеност, активност и ангажман се темел на политиките што се стремат кон подобра иднина за државата.

Конференцијата, која годинава го носи мотото „Жените громогласни за Македонија“, ја истакнува дведецениската посветеност на Унијата во борбата за правата и застапеноста на жените во политичкиот и општествениот живот.