Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Мицкоски: Средба со Таравари во 17 часот, тој има две опции

Средбата меѓу премиерот Христијан Мицкоски и Арбен Таравари ќе се одржи денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Средбата меѓу премиерот Христијан Мицкоски и Арбен Таравари ќе се одржи денеска во 17 часот во Владата.

-Тоа ќе биде средба во која што ќе поразговараме со Таравари околу актуелните политички случувања. Што се однесува до тековните негови активности, како член на Владата, ние речиси секојдневно комуницираме. Тоа е неизбежен дел. Но генерално би сакал да слушнам како размислува во делот на последните случувања кои се познати во јавноста. По мене има две опции за избор, едната опција е оваа која ја нуди оваа Влада на реформи, на промени, на испорака за граѓаните. Втората опција е онаа опција која години наназад, би рекол повеќе од две децении, ја криминализираше државата, ги уништуваше институциите и практично ја клекна државата и граѓаните. Тоа е изборот, нема трета опција, рече Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот посочи дека сака да слушне од Таравари која опција е за него.

Реклама

-Што се однесува до моите лични односи со Таравари, во политиката ние комуницираме долго време. Како човек имам позитивно мислење за него, но во политиката образот е нешто што го имаш или го немаш. Тука нема флуидни варијанти. Или држиш до зборот или не држиш до зборот. Јас мислам во неговиот случај најмалку три пати сум покажал и сум го држел зборот. Имало моменти кога можеби имало дилема во рамките на раководството на партијата. Заткулисни игри се провидни игри, лесно се идентификуваат и препознаваат и најчесто ваквите заткулисни игри им се удираат од глава на оние кои ги прават, истакна Мицкоски.

„Никого во животов не сум молел, ниту па имам намера некого да молам. Со или без Таравари, Владата е стабилна, цврста, со големо мнозинство. Останува на него и неговите сопартијци да одлучат“, рече премиерот.