Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Мицкоски: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до советите за документ дека мигрантски кампови нема да има, ширењето на лажна паника e кривично дело

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во текот на следната недела ќе достават до советите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во текот на следната недела ќе достават до советите документ со кој ќе се потврди политикаа против нелегалната миграција и генерално такви процеси, дека нема на територијата на тие општини да се создадат мигрантски кампови и ќе побара од надлежните институции согласно Кривичниот законик да поведат процеси против сите оние кои што сеат страв и паника и покрај јавно изнесените деманти од страна на Владата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. 

На прашање поврзано со обвинувањата на опозициската СДСМ за прифаќање мигранти од Велика Британија, Мицкоски го повтори ставот на Владата, но исто така истакна дека во темелните вредности на ВМРО-ДПМНЕ е антиемигрантската политика. 

– Јас не можам да се изначудам се уште кој ги насанка на оваа тема, бидејќи оваа тема тотално не иде на нивна полза, бидејќи самите тие на владина седница гласале за да се градат такви прифатни центри за што имало протести во минатото вклучително и ние. Јас кажав во една моја изјава дека во темелните вредности на ВМРО-ДПМНЕ е антиемигрантската политика, за што бевме обвинувани дека сме ксенофобична партија. Сега сосема спротивни обвинувања од страна на СДСМ, а вистината е јасна, апсолутно. Таква работа ниту ќе се случи, ниту има план дека такво нешто би се случило, впрочем такви беа изјавите од единствениот официјален извор, а тоа е Британската амбасада во земјава, рече Мицкоски.

Реклама

Премиерот кажа дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ во текот на следната недела ќе достават до советите да се гласа документ со кој јасно ќе се стави до знаење дека таа е политиката, односно антиемигрантската политика, политика која се бори против нелегалната миграција и, генерално, таков тип на процеси, дека на територијата на тие општини нема да се создадат такви мигрантски кампови и ќе побараат од надлежните институции согласно Кривичниот законик да поведат процеси против сите оние кои што сеат страв и паника и покрај јавно изнесените деманти од страна на Владата.

– Тие се кривично одговорни за тоа што го прават бидејќи јас разбирам дека имате во вашата партија проблеми, не можете да формирате Извршен одбор, никој не ви се нафаќа, општински организации, и тоа е во ред. Разбирам таа тема да ја терате еднаш два пати, но кога веќе официјално стигнува демант од претседателот на Владата, соодветните министерства – внатрешни, надворешни, мислам дека од тој момент па натаму вие го поминувате рубиконот и вие свесно и покрај демантите ширите паника и за тоа во Кривичниот законик се предвидени одредени санкции. И јас ги повикувам соодветните органи да излезат од тие октроирани стеги на претходната влада на СДСМ и ДУИ и против овие лица да покренат процеси затоа што многумина од граѓаните со право ми се јавуваат и ме прашуваат и покрај тоа што еве веќе една недела зборуваме со деманти и кажуваме дека такво нешто нема да се случи, рече тој. 

Мицкоски рече дека на пролет никој нема да види мигранти. – Јас реков трајно ја напуштам политиката ако раководството на СДСМ, тоа бар што ќе остане таму, пронајде мигрант кој што е дел од договорот со Велика Британија или кој било договор, рече тој, додавајќи дека сега му ги бројат овие последни години како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.  

Премиерот Мицкоски присуствуваше на поставување камен-темелник на нова училишна спортска сала во населеното место Колешино, во Општина Ново Село.