Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Прилози

Мицкоски со сериозни обвинувања: Заев примил куферчиња со пари од Бугарија за продажба на нациолните интереси

Куферчиња со пари од Бугарија за продажба на националните интереси.  Мицкоски со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Куферчиња со пари од Бугарија за продажба на националните интереси.  Мицкоски со сериозни тврдења дека Заев зел пари од поранешен бугарски премиер. Од Струмица упати директна порака  дека сите ќе одговараат, а времето на примање пари во куферче за да се испорачуваат компромиси на грбот на нарадот заврши.

-Ќе ви се скинат и куферчињата пари од источниот сосед, а ниту во зградите и визите од Дубаи имаат среќа. И сакам една порака до сите нив: тоа што година и три месеци сè уште не стигнала правдата до вас, тоа што година и три месеци секој ден, час во денот и неделата го минувам на градење на темелите што ги рушеа, не значи дека заборавив. Јас ви ветувам дека правдата ќе ве стигне, изјави Мицкоски.

По обвинувањата од Мицкоски, со објава на Фејсбук реагираше Заев. Тој ги отфрла тврдењата и го обвинува премиерот дека клевети.

Реклама

-Најостро и категорично ги отфрлам лагите и клеветењата од Мицкоски за наводни “куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија” како невистини и како очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите неуспеси кон неговите измислици. А, кога сме веќе кај куферите, видовме во снимките што сами си ги пуштија во јавност дека експерти за куфери со пари се токму неговите поддржувачи и финансиери, реагираше Заев.

Инаку од ВМРО-ДПМНЕ претходно тврдеа дека Бојко Борисов своевремено сам кажал дека лично ја помогнал опцијата на Зоран Заев за доаѓање на власт.

Кога станува збор за примање пари од страна на Зоран Заев, јавноста беше сведок и во минатото. Пред речиси една деценија се појави видео на кое што се гледа и слуша како Заев ги користи зборовите „едно евро за Вицето, едно за црквата“. Подоцна во судскиот случај именувам „Поткуп“, бизнисменот Иван Николов Сачевалиев сведочеше дека во 2013-та година, кога Заев беше градоначалник на Струмица, од него било побарано да даде поткуп.  

Матеја Петровски