Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Мицкоски: Се здружиле Венко, Али и Димче за власт и за привилегии и поради патолошката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ

Секоја кампања е можност да поразговараме за она што е важно за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секоја кампања е можност да поразговараме за она што е важно за државата, пред сè, и тоа што е важно за граѓаните, но истовремено и да испратиме политички пораки кои се многу важни, затоа што врз основа на тие политички пораки ние ја определуваме траекторијата по која се движи државата. А, од друга страна, граѓаните ќе можат да разберат за тоа кои се плановите на Владата, кои се проектите, политиките и реформите кои ги планира, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во рамките на кампањата за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“.

Мицкоски спомена неколку значајни работи и тоа, дека прво на овие избори мора сите да имаме јасна претстава кои се опциите коишто ги имаме пред нас.

„Едната опција е коалицијата којашто се здружи на основа на два принципа. Првиот е желбата за власт по секоја цена, без разлика на нивните политички и човечки разлики. Нивната желба за власт и привилегии коишто ги уживаа и безмилосно ги користеа е основна за да тие се здружат, а второстепена е патолошката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата која ја предводи СДСМ, а после СДСМ се редат ДУИ и политичката партија Левица. Значи се здружиле Венко, Али и Димче за власт и поради патолошката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Мицкоски.

Реклама

Тој посочи дека втората опција е коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, тоа се двете опции со коишто ние се соочуваме на овие избори како граѓани и како гласачи.

Мицкоски додаде дека секој којшто мисли дека има трета, четврта опција се лаже, затоа што тоа не постои.

„Секој глас којшто ќе отиде за некоја трета, четврта само е глас фрлен за бадијала, односно му служи на овој којшто не и мисли добро ниту на Македонија, ниту пак на Демир Хисар“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека оваа непринципиелна коалиција меѓу СДСМ-ДУИ-Левица, е формирана врз основа на овие два принципи, потсетувајќи на една реплика којашто ја имаше тогашниот претседател на владата и на СДСМ во македонското Собрание, кој гледајќи кон тогаш пратеникот и претседател на Левица, му рече „Нели се договоривме, за време на изборната кампања, јас да ти обезбедам ресурси и се што ти е потребно, ти да работиш против ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, а потоа после изборите, доколку освоиш пратеник да направиме коалиција и на тој начин да ја спасиме Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и од Мицкоски“.

Мицкоски додаде дека тоа е целата вистина што треба граѓаните во Македонија да ја знаат, а е поврзана со Левица која е во полуформална, а некаде и формална коалиција со политичките партии СДСМ и ДУИ.