Реклама
Македонија

Мицкоски: СДСМ ја понижи и ја клекна државата на колена, а денес зборува за понижена Македонија

Обвинувањата на опозициската СДСМ дека Македонија е понижена не држат бидејќи тие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинувањата на опозициската СДСМ дека Македонија е понижена не држат бидејќи тие се оние кои ја опустошија Македонија – реагира премиерот Христијан Мицкоски. Според него, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеала за една година да поправи многу грешки од нивните претходници, да исплатат дел од нивните долгови, да постигнат историски договори за покачување на платите во образованието и здравството, да реализираат проекти кои тие не успеале, да ги покачат пензиите. Мицкоски уверува дека надежта повторно се враќа и Македонија ќе биде подобро место за живеење кога политичките елити ќе работат во интерес на граѓаните.

Македонија понижена – СДСМ ќе ја брендира партијата а и нивниот настан – Има неколкумина кои имаат силно чувство на стокхолмски синдром кога жртвата се вљубува во ловецот. Ја опустоши Македонија, сега зборуваат дека е поножена. Не, Македонија станува горда. Исплаќавме пензии, плати, неисплатени. Тоа не беше пречка да не постигнеме историски договор со образованието, здравството, да релаизираме проекти кои тие не успеаа да релазираат. Важно е дека полека надежта доаѓа, вели премиерот Мицкоски.

Што се однесува до надворешната политика, Мицкоски вели дека владата има многу поинаков пристап за разлика од времето кога владееја СДСМ и ДУИ, кои прифаќаа секакви ултиматуми, штетни билатерални договори и протоколи. “Се бориме да ја раскажеме нашата вистина за Македонија, во Берлин, Брисел, Лондон, Вашингтон“, вели Мицкоски. Тој очекува во вторник во Европскиот парламент да се потврди успехот на дипломатската офанзива со тоа што во извештајот за Македонија ќе бидат признати македонскиот идентитет и јазик. 

Реклама

Нема понижувања и прифаќа се што се сервира на маса. Прифаќање на билатерални штетни договори и протоколи. Се бориме да ја раскажеме нашата вистина за Македонија, Берлин, Брисел, Лондон, Вашингтон. Се трудиме да пренесеме што чувствуваат граѓаните. Еден таков меѓник ќе биде во вторник, очекувам силна порака од ЕП за македонскиот идентитет  и јазик. Овие денови добив вознемирувачки информации за силни активности на некои полтиичари во Брисел. Успеав да контактирам, мислам дека успеавме. Ќе се бориме против сите оние кои ја ограбија и понижија Македонија, додаде Мицкоски.

За да биде апсурдот уште поголем, тие што некогаш ја прифаќаа секоја наметната одлука и ги отворија вратите за политички и национални понижувања, сега настапуваат како морални судии. Се дава впечаток дека СДСМ и ДУИ, кои во минатото потпишуваа штетни договори и ја запоставија внатрешната стабилност, денес се обидуваат да го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за последиците од сопствените постапки. Мицкоски уверува дека владата води поинаква политика – надвор се бори за македонските позиции со јасно поставени црвени линии, а дома фокусот е ставен на економска и социјална обнова.