Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Мицкоски: СДСМ имаа седум години можност да мислат за нашиот заеднички дом, а наместо тоа мислеа на сопствениот џеб

На денешниот народен митинг во Босилово во рамките на изборната кампања за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот народен митинг во Босилово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој на самиот почеток испрати порака до СДСM со цел, како што рече, да извлечат поука од погрешните политики во минатото, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да испратиме порака и до нашиот политички противник за да извлече поука за погрешните политики коишто ги водеше во минатото, а гледам дека и во оваа кампања од првиот ден тие континуирано од грешка во грешка влегуваат, тие од првиот ден почнаа брутална црна кампања, полна со ниски страсти најчесто напаѓајќи ме мене, преку конструкции, да дефокусираат со невистини. Што имаат тие да кажат ако не водат црна кампања, што направија по што ќе останат запаметени? Треба да им простиме, и да ги оставиме во нивното политичко мочуриште да тонат“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски во своето обраќање посочи дел од дилемите на граѓаните кои ги имаат во однос на слоганот на СДСM, и дали под дом се подразбираат хациендите на Халкидики и во Дубаи.

Реклама

„Би сакал неколку реченици да кажам и за слоганот на нашиот политички противник, којшто вели дека ќе се бореле за нивниот дом, често ми го поставуваат прашањето: Претседателе за кој дом мислат? Дали мислат за домот во Дубаи, дали мислат за хациендата на Халкидики, фирмите во Петрич и Сандански или пак можеби за онаа јахта коишто сите можевме да ја видиме, имаат луѓето дилема. Мојот одговор е секогаш дека тие имаа седум години можност да мислат за нашиот заеднички дом, а нашиот заеднички дом е нашата татковина Македонија, тие мислеа за својот џеб, и затоа денеска некогаш големата СДСМ се наоѓа под психолошкиот и биолошки минимум, и на овие избори нивен главен предизвик ќе биде дали ќе освојат 110, 120, или 130 илјади гласа“, истакна претседателот Мицкоски.