Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Мицкоски од Тирана: Македонија потпишува договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Македонија ќе склучи договор за стратешко партнерство со Обединетото кралство. Деталите сe…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија ќе склучи договор за стратешко партнерство со Обединетото кралство. Деталите сe очекува дa бидат објавени по средбата на македонскиот премиер Мицкоски, со британскиот премиер Кир Стармер, кој треба да се случи на маргините на самитот во Тирана. Овој договор преставува ново поглавје во односите меѓу двете држави и преставува клучна основа за подоцнежна економска и политичка соработка. Самиот договор според информациина Алфа , се преговарал повеќе месеци меѓу тимови од двете држави, и предвидува блиска соработка во повеќе клучни области.
Главна тема на самитот чии кодомаќини се претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, и Албанскиот премиер Еди Рама е безбедноста и заедничката визија за иднината на Европа
Пред почетокот на Самитот на европската политичка заедница во Албанија, Мицкоски порача дека Македонија долго време е жртва на билателарни прашања.

„Очекувањата се Европа да се држи до своите принципи, тоа се европските вредности, да се суди според постигнувањата и реформите и копенхашките креитеруми, Македонија долго време е жртва на билатерални прашања“
, рече Мицкоски во изјава за Тв 21.
Она што беше интересно за медиумите е дека домаќинот Рама ги пречекуваше гостите во негов стил на црвениот тепих. Особено впечатлив беше пречекот на италијанската премиерка Џорџа Мелони, која ја дочека на колена, а таа се пошегува дека тоа го прави за да биде висок колку неа.
Со одржувањето на самитот во Албанија, Тирана стана центар на Европската дипломатија, што е исклучително важно за регионот бидејќи ова е прв ваков собир на Европската политичка заедница што е организиран во Западен Балкан. Како што е наведено на официјалната веб-страница на самитот во Тирана, ова не е само симболично признавање на местото на Југоисточна Европа во европското политичко ткиво, туку и стратешка инвестиција во нејзината улога во обликувањето на иднината на континентот.
Пред официјалниот старт синоќа во Тирана, Кошта организираше вечера за водачите на шесте земји од Западен Балкан на која присуствуваа Претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас Калас, сподели на социјалните мрежи премиерот Мицкоски.
Лидерите на Европските држави главно се фокусираат на четири стратешки теми: безбедност и демократска стабилност, економска конкурентност, миграција и млади, и европско лидерство во глобален контекст .