Реклама
Македонија

Мицкоски од Карбинци: Во Карбинци е добро да има населба за млади брачни парови, со парцели од по едно евро квадрат, така младите полесно ќе формираат заедница и ќе имаат повеќе деца

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Карбинци кој е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Карбинци кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се осврна на сработеното од градоначалникот Виктор Паунов, а посочи и што се може да се направи таму.

-Честитки за сработеното до сега и да продолжи и понатаму со интензивна работа. Сметам дека треба да се размисли да се посвети внимание на демографијата, бидејќи џабе ни се улиците, училиштата, доколку младите не се мажат, не се женат и не се формираат многудетни семејства, рече Мицкоски.

Во оваа насока лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски даде и предлог.

Реклама

-Да се определи населба за млади брачни парови со парцели од по едно евро квадрат и да бидат ослободени од комуналии. И на тој начин кога ќе формираат заедница, ќе имаат куќа, полесно е да се имаат повеќе деца и мислам дека ова треба да биде приоритет. Ние како Влада ќе помогнеме се што можеме согласно ингеренциите, вели Мицкоски.

Иако, рече тој, ова се локални избори, тоа не значи дека има само локални прашања.

-Овие избори имаат малку поголемо значење и испраќаме пораки и за државни теми бидејќи така допираме и до противникот. За прв пат наместо со промоција со црна кампања со ниски страсти, измислици, дефокус од реалноста. Мојот одговор е ако не го прават тоа, тогаш што ќе прават. Граѓаните видоа што направија за седум години, не само што ништо не направија, туку многу процеси и уназадија, а и ја ограбија државата, народот, посочи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски се осврна и на предлог на опозициската СДСМ за резолицијата за црвени линии, како и на слогонот што го имаат на овие Локални избори.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Виктор Паунов пред граѓаните на Општина Карбинци истакна дека оваа изборна кампања, не е само политичка кампања и како што рече „на овие избори ќе одлучиме дали нашата општина ќе продолжи да се развива или ќе се врати во сивото минато“.

-Уште кога ја превземав функцијата градоначалник пред четири години со голема одговорност и визија влегов на оваа функција. Четири години нашата општина Карбинци се менуваше, работевме заеднички, работевме посветено! Реализиравме проекти кои денес се видливи и се наша одлика за нашиот карактер! Не баравме изговори иако имавме три години централна власт која правеше опструкции, туку едноставно работевме, вели Паунов.

 Тој забележа дека сега започнува едно поглавје кое ќе биде продолжение на  посветеност, во насока на континуитет на промените кои ги имаат  донесено, со многу нови проекти и програма која гарантира дека Карбинци ќе остане да биде пример во истокот и годрост на сите нас.

Ќе потсетам за неколку важни моменти од овие четири години, реализирани се бројни проекти во патната инфраструктура: вкупно 46 улици во целата општина добија асфалт. Реконструирани и модернизирани се пет мултифункционални игралишта. Таринци и Долни Балван добија нов резервоар за вода со капацитет од 200 м3, изградивме две нови училишта во Таринци и Радање, детската градинка во Таринци ја проширивме и го зголемивме капацитетот со можност за уште 50 дечиња, пет нови детски забавни паркови ги красат нашите населени мести со можност за забава и рекреација за најмалите, рече Паунов.

Тој додаде дека расчистени се и шест диви депонии и изградена е пешачка патека меѓу селата Долни Балван и Тарници. Најави дека за наредниот четиригодишен мандати планирани се приориретни проекти.

-Следниот четиригодишен мандат ќе го темелиме врз неколку столба. Обезбедување на нови 150 плацеви за домување, нова населба помеѓу селата Карбинци и Таринци која ќе го добие името “Вршник” според историската населба во атарот на селото Таринци. Проект со кој општина Карбинци ќе обезбеди бесплатни проекти за типски куќи, бесплатни комуналии и целосна инфраструктура која ќе ја изградиме во оваа населба. Можност за сите да останат во нашата општина. Ќе изградиме нова спортска сала со која ќе обезбедиме можност за спортување, услови за спортските клубови кои ги формиравме во општина Карбинци и ќе обезбедиме можност за оддржување на натпревари, вели Паунов. 

Најави и дека ќе се изгради велосипедска патека долж регионалниот пат од Таринци до Карбинци во должина од 1.8 км. Патека која е важна и за безбедноста, но и за рекреативците во овој дел од општината. Со тенденција да се продолжи втората фаза до локалитетот „Баргала” со дополнителни 4.8 км. Паунов вели дека патната инфраструктура ќе биде повторно во фокусот и следните четири години. Клучниот патен правец село Карбинци до село Радање целосно ќе биде реконструиран во должина од 4.5 км. Како и главната улица во селото Радање. 

Пратеникот во македонското Собрание, Драган Ковачки истакна дека на овие избори е важно на кого граѓаните ќе ја дадат довербата.

-На луѓе од народот, кој живеат со вашите проблеми, истите ги решаваат, или на луѓе кои други работи им се поважни во животот. Виктор Паунов е градоначалник кој во изминатиот период се докажа, како чесен, работлив, посветен и човек кој реализира проекти. Сепак сите знаеме дека локалната власт не може да носи големи промени, за тоа е потребна силна поддршка. Потребна е стабилна Влада и водство кое знае да отвара врати и да обезбедува средства, односно да создава можности, вели Ковачки.