Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Мицкоски: Не сум уверен дека целата опозиција е за предвремени парламентарни избори, но ако се договориме, ние сме секогаш подготвени

Не сум сигурен дека целата опозиција е заинтересирана за предвремени парламентарни избори,…

Сподели:

Не сум сигурен дека целата опозиција е заинтересирана за предвремени парламентарни избори, но ако се договориме, ние сме секогаш подготвени за избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на прашањето за информациите дека Арбен Таравари би можел да ја напушти коалицијата Вреди и владината коалиција пред локалните избори, Мицкоски посочи дека нема такви информации и додаде дека владината коалиција функционира одлично.

„Немам такви информации дека ќе ја напушти владината коалиција и коалицијата Вреди. Напротив, мислам дека владината коалиција функционира одлично. За тоа како ќе се позиционира коалицијата Вреди во однос на локалните избори, тоа прашање треба да го упатите на нив“, истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен-темелникот на мега-паркот со плоштад во населба Радишани.

Реклама

Во однос на прашањето за присуството на вицепремиерот Иван Стоилковиќ на настан против НАТО во Белград, Мицкоски рече дека не го гледа тоа на тој начин.

„Не би го гледал ова низ таа оптика како што вие го кажавте, но за постапките и начинот на кој господинот Стоилковиќ е таму, можеби е најдобро него да го прашате“, изјави Мицкоски.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање во врска со објавите дека ќе ја напушти функцијата до Април, изјави дека односите меѓу партнерите во коалицијата се стабилни и дека продолжува да ја извршува функцијата министер за здравство.