Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Мицкоски: Наскоро ќе се знае дали биле точни информациите за укинувањето на линеарното покачување на пензиите

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека вчера добил информации оти во Уставиот суд…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека вчера добил информации оти во Уставиот суд била отпочната постапката за укинување на линеарното покачување на пензиите од наредниот месец и дека судијата известител веќе ставил потпис на конечен извештај за укинување, а тоа и го кажал на собраниската седница за пратенички прашања. Дали тие информации се точни, посочи премиерот, ќе се види многу скоро и оти би сакал да не е во право.

– Ќе кажам дека вчера за време на пратеничките прашања бев многу прецизен и кажав дека имам информации дека е отпочната постапка и оти судијата известител ставил потпис на конечниот извештај со кој се укинува линерното зголемување на покачувањето на пензиите за пензионерите од следниот месец. Дали тоа ќе се случи ќе видиме наскоро, дали сум бил во право, дали информацијата била точна или не. Многу скоро ќе добиеме одговор. Јас би сакал да не сум во право. Еве посакувам да не сум во право, но што ако сум во право. Тоагаш кој е тој што прави хаос и кој свесно удира по стандардот на пензионерите. Владата со тие мерки сакаше да го подобри стандардот на повеќе од 330 до 350 илјади пензинери. Некој друг има поинакви намери, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање на конференцијата „Хибридни и информациски закани: Од препознавање кон национален системски одговор“ во организација на Институтот за комуникациски студии.

Вчера Мицкоски на седница за поставување на пратенички прашања рече дека повеќе од 70 проценти од пензионерите од следниот месец ќе добиваат помали пензии поради иницијативата на уставната судијка, а за што одлуката, како што истакна, веќе била потпишана. 

Реклама

– Точно е тоа дека е покрената постапка пред Уставниот суд и точно е дека таа судијка за којашто сите зборуваме, којашто беше архитип на неправдата во судството, заедно со една друга обвинителка, којашто беше исто така вториот столб на тој архитип на судството едно време, и којшто соучествува во онаа чанта од брендот Луј Витон, се тие на коишто денес им пречи линеарното зголемување на пензиите на пензионерите, рече премиерот Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување пратенички прашања.

Тој истакна дека судијката на Уставниот суд, според последната информација, ја има потпишано одлуката за укинување на линеарното зголемување на пензиите на пензионерите.

Потоа Уставнот суд излезе со информација дека сè уште не е донесена конечна одлука за предметот кој се однесува на членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, познат во јавноста како линеарно зголемување на пензиите. 

Судот укажува дека на 24. седница одржана на 19.11.2025 година со мнозинство гласови, изразил сомнеж во уставноста на членот 2 од Законот.

-Во тек е втората фаза од постапката во која се бараат мислења од доносителот и од предлагачите на Законот, по што ќе следува конечна одлука. Јавноста ќе биде известена кога овој предмет ќе биде ставен на седница за гласање, посочија оттаму.