Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Мицкоски најави системска бора со хибридните закани

Македонија ќе гради систем а не импровизација за одговор на хибридните и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија ќе гради систем а не импровизација за одговор на хибридните и информациските закани: институции кои ќе реагираат брзо и службеници кои ќе одговарат професионално, граѓани кои ќе препознаваат манипулации и општество кое нема да биде жртва туку отпорно.

За претседалот на Владата, веќе е вклучен вистински аларм и потреба за системско будење.Има напредок за краток период, но се уште има потрба од обуки, институционална меморија и повеќе ресурси, смета Мицкоски. Но реалноста е дека државата мора да гради одржлив систем кој ќе препознава, анализира и одговара на хибридните и  информациските закани, координирано брзо и професионално а не привремени одговори..

  • „Ќе спроведеме задоволжителни процедури, методологии, бази на податоци и стандарди за да нема повеќе зависност на системот од поединци. Ќе спроведеме континуирани обуки за службениците во сите институции специјализирани програми за МВР и Одбрана, Националната платформа за безбедност, јавната администрација и локалната самоуправа, програми за медиумска писменост и дигитална безбедност за младите. Ниту една држава не може да се брани без обучени луѓе. Хибридните закани не се победуваат со молк туку со заедничка акција. Владата ќе отвори платформа за редовна соработка со истражувачки центри, факултети, истражувачки центри, граѓански организации и приватниот сектор. Овој проблем е премногу голем за да го носи една иституција“ изјави Мицкоски.

Конференцијата која ја организира Институтот за комуникациски студии треба да даде препораки и да поттикне политичка и стратешка поддршка за поефикасен одговор на хибридните и информациските закани.

Реклама
  • „Последната анализа на странско мешање и манипулирање информации од Европската Унија, потенцира дека ФИМИ не е само некоја само странична алатка за влијание, туку стратешки инструмент кој е суштински во надворешно политичкиот пристап на заканувачките актери и дека претставува безбедносна закана за Европа и за сите партнери ширум светот. Извештајот укажува дека оваа закана може да се адресира само сеопфатен пристап во кој е вклучено цело општество, но е сигурно решение кое сигурно ќе ги намали ризиците од ваквите настапи“ рече Жанета Трајкоска – Директорка на Институтот за комуникациски студии.

Поддршка за зголемување на институционалниот капацитет за хибридни закани дава и британската амбасада  во Скопје.

  • „Сметаме дека за системите е навистина важно да имаат точни извори на информации, затоа што дезинформациите ја нарушуваат секоја демократија. Затоа сметаме дека како партнери на НАТО, заедно со премиерот и со вас, да учествуваме во оваа борба“ рече Метју Лосон– Амбасадор на Обединетото Кралство.

Македонија изминатиот период го донесе првиот Закон за сајбер безбедност и осогласи Национална сајбер стратегија кои претставуваат клучен чекор во јакнењето на институционалниот и технолошкиот отпор кон хибридни закани и дигитални ризици.