Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Мицкоски на 50-годишнината на Европската народна партија: ЕПП двигател на европските вредности и стабилноста

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во Брисел присуствуваше на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во Брисел присуствуваше на свеченоста со која Европската народна партија (ЕПП) одбележа 50 години од формирањето.

Како што информира Мицкоски преку својот фејсбук профил, јубилејот обединил лидери и пријатели на ЕПП од цела Европа.

-Вечерва имав чест да присуствувам на одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија (ЕПП), значаен јубилеј кој обедини лидери, претставници и пријатели од цела Европа. Настан исполнет со силна енергија, визија и заедништво, каде се потврди улогата на ЕПП како двигател на европските вредности, демократијата и стабилноста. Присуството на бројни европски лидери даде дополнителна тежина и значење на оваа свеченост. Ваквите моменти потсетуваат колку е важна соработката, меѓусебната почит и заедничката определба за посилна и пообединета Европа, наведува Мицкоски.

Реклама

Со него во Брисел се и партискиот генерален секретар, Драган Ковачки, како и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски. 

Како што најави Мицкоски, делегацијата од ВМРО-ДПМНЕ што тој ја предводи во Брисел, ќе биде дел и од Самитот на лидери што го организира ЕПП. Економската перспектива на Европа, глобалните предизвици како војната во Украина, конфликтите во Заливот и ситуацијата во Иран, се само некои од темите за кои ќе стане збор.

-Ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ, порача Мицкоски во видео изјава споделена преку неговиот фејсбук профил.

На маргините на Конгресот на ЕПП, премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со хрватскиот колега, Андреј Пленковиќ. 

Според ВМРО-ДПМНЕ, посетата на Мицкоски на Брисел ќе биде искористена за билатерални средби на Мицкоски и партиската делегација со присутните претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија.

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк: