Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Мицкоски: минималната плата од Април ќе се зголеми за 2.200 денари

Од Април, минималната плата ќе биде зголемена според законските предвидувања, што значи…

Сподели:

Од Април, минималната плата ќе биде зголемена според законските предвидувања, што значи дека ќе добиеме околу 2.200 денари повеќе од сегашната минимална плата, истакна денес премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека ако во наредните месеци се постигне договор меѓу работниците и работодавачите за повисока минимална плата, ќе се направат законски измени и дополнително нивелирање.

„Денеска имаме владина седница и разговарав со министерот за економија. Според Законот, минималната плата ќе се зголеми на 24.400 денари. Немаме репрезентативен синдикат во Економско-социјалниот совет, но се формира Комисија која ќе ја утврди репрезентативноста. Очекувам наскоро да се постигне договор меѓу репрезентативните претставници на работниците и работодавачите, а ние ќе го почитуваме тој договор. Ако се согласат за поголема сума, ќе го измениме Законот и ќе направиме дополнително нивелирање“, изјави Мицкоски по поставувањето на камен-темелникот на мега-паркот во Радишани.

Во однос на вработувањата во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), премиерот нагласи дека Владата е должна да ги обезбеди потребните капацитети за функционирање на институциите и дека ќе се потруди да го стори тоа.

Реклама

„Се што е потребно ќе направиме, вклучително и вработување нови лица во ДПИ. Не станува збор за нешто што не е спроведено или предвидено. Жалам што мораше ова да се случи за сите да сфатат дека системот бил погрешен повеќе од 30 години, но ние ќе го коригираме. Овој пат ја поразивме судската мафија, фативме врховен судија со мито и претседател на Советот на обвинители. Во тек се постапки против ‘мазут мафијата’ и ‘енергетската мафија’, а ‘коцкарската мафија’ е во бегство. Приведена е и уличната мафија, а следи и поразот на оваа мафија која владеела, и тоа ќе се случи. Македонија мора да биде пристојно место за живеење и Владата е одговорна да обезбеди сите капацитети на институциите, како инспекторатите, така и на МВР и затворската полиција, за системот да функционира беспрекорно. Наследивме уништен систем, но се трудиме да го обновиме“, подвлече Мицкоски.

Прашан за најавените измени на Законот за работно ангажирање, Мицкоски објасни дека со тие измени ќе се регулира работниот однос на пензионираните лица и студентите.

„За законските измени добивме делумна поддршка и од опозицијата. Се регулира работниот однос на пензионираните лица и студентите, кои досега беа дел од сивата економија. Целта е да се зголеми вработеноста и продуктивноста со цел да се подобрат економските перформанси. Резултатите за третиот и четвртиот квартал се над три проценти, што ни ја става Македонија меѓу петте најдобри земји во Европа. Очекуваме поволни резултати и за првиот квартал оваа година. Задоволни сме од нивото на странските инвестиции, кои се историски највисоки, како и од растот на извозот и индустриското производство. Сите економски перформанси и индикатори покажуваат знаци на консолидирање“, истакна Мицкоски.