Реклама
Македонија

Мицкоски: Ќе објавиме серијал на случаи како суделе некои судии и како обвинувале некои обвинители

Да се врати довербата на граѓаните во судството, обвинителите да обвинуваат и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да се врати довербата на граѓаните во судството, обвинителите да обвинуваат и судиите да судат според закон и без притисоци, да испорачаат резултати, да го ослободат судско-обвинителскиот систем од политичките стеги – после ќе се зборува за покачување на платите. Премиерот Христијан Мицкоски не смета дека треба да се зголем буџетот во овие институции, туку и најави суштински промени по локалните избори. Владата ќе бара правни механизми за да се осигура, дали овие луѓе навистина работат согласно Уставот и законите. Според премиерот, некои од нив, не ја заслужуват ни сегашната пата, со оглед на довербата од само 2%.

На цела македонска јавност и стана јасно дека не зборуваме за суштински во судството и обвинителството, туку зборуваме за зголемување на буџетите со цел зголемување на платите, тоа е реформата и добро е што сега македонската јавност може да суди, дали овие кои што, мал дел кои што го загрозуват овој процес, и обвинители и судии кои што не ја заслужуват ниту оваа плата која што ја земаат, рече Мицкоски.

Во рамки на реформската агенда за правосудството, Владата работи на усвојување на шест клучни закони – меѓу кои и Законите за Јавни обвинители, Судски совет. Сепак, според Мицкоски, единствената пречка за нивното влегување во процедура е токму делот кој предвидува зголемување на буџетот за судско-обвинителскиот систем. Како дел од процесот, Владата најави дека ќе спроведе компаративна анализа со земји членки на Европската Унија – вклучувајќи Франција, Германија, Унгарија и Хрватска – со цел да се утврди колку тие држави одвојуваат од буџетот за правосудниот систем, и врз основа на тоа да се креира одржлив модел за Македонија.

Реклама

Во меѓувреме, реагираа од Коалицијата „Сите за правично судење“. Извршната власт да се воздржи од коментари и обид за влијание врз судската, бидејќи на овој начин, според нив, се создавало перцепција дека судиите и обвинителите не го  заслужуваат буџетот кој им следува и за кој државата се обврзала дека ќе им го одобри.

Премиерот и претставниците на владата да се воздржат од коментари со кои се создава перцепција дека тие не ги заслужуваат платите, буџетот кој државата се обврза да им го даде, рече Дарко Аврамовски од Коалиција „Сите за правично судење“.

Инаку, Владата е спремна да ги зголеми платите на административните работници во судовите и обвинителствата. Веќе се водат преговори со синдикатите, и засега нема противење за предложените законски измени. Станува збор за два закона – еден за судска служба и еден за обвинителска – со кои треба да се подобри положбата на вработените што секојдневно ја вршат техничката и организациската работа во правосудството.

Причината за оваа иницијатива е големата разлика во платите меѓу администрацијата и судиите или обвинителите. Владата проценува дека во некои случаи, судиите и обвинителите земаат и до седум пати повисоки плати од своите асистенти и помошници, што се смета за нефер и демотивирачки за тие што ја поддржуваат работата на правосудниот систем.