Реклама

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Македонија

Мицкоски: Ќе изградиме систем што ги препознава, анализира и одговара на хибридните и информациските закани

Нашиот национален интерес е јасен: да изградиме држава која препознава, анализира и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нашиот национален интерес е јасен: да изградиме држава која препознава, анализира и одговара на хибридните и информациските закани координирано, брзо и професионално, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на конференцијата ,,Хибридни и информациски закани”, во организација на Институтот за комуникациски студии. 

Според него, поминато е време кога со замена на еден директор исчезнува знаењето.
 
– Ќе спроведеме задолжителни процедури, методологии, бази на податоци и стандарди – за да нема повеќе „празнини“ во системот, за да нема зависност од поединци. Планираме континуирани обуки за службениците во сите институции; специјализирани програми за МВР, МО, Националната платформа за безбедност, јавната администрација и локалната самоуправа; програми за медиумска писменост и дигитална безбедност за младите, рече Мицкоски.

Ниту една држава, како што поосчи, не може да се брани без обучени луѓе, а хибридните закани не се победуваат со молк, туку со заедничка акција.

Реклама

– Владата ќе отвори платформа за редовна соработка со истражувачки центри, универзитети, медиумски здруженија, граѓански организации и приватниот сектор. Овој проблем е премногу голем за да го носи само една институција. Македонија ќе гради систем, не импровизација, рече премиерот.

Посочи дека визијата е јасна – држава која ќе препознава рано, институции кои ќе реагираат брзо, службеници кои ќе постапуваат професионално, граѓани кои ќе препознаваат манипулации, општество кое нема да биде жртва – туку отпорно.

– Ова не е работа за една прес-конференција или еден мандат. Ова е заедничка мисија за иднината на нашата демократија, рече Мицкоски. 

Хибридните и информациските закани, како што рече, не го напаѓаат само системот – ја напаѓаат довербата меѓу нас.

– А кога ќе исчезне довербата, државата станува ранлива. Нашата задача е јасна: да ја вратиме довербата, да изградиме силни институции. И да создадеме систем што нема да падне при првиот силен удар на дезинформациска кампања. Овој пат нема да дозволиме импровизации. Овој пат градиме одговорна држава која стои цврсто – и која гледа напред, рече Мицкоски.