Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Мицкоски: Кампањата на СДСМ покажува тие се борат за заштита на корупцијата, за заштита на Артан, Зечевиќ, Ковачевски, Маричиќ, Спасовски, Николовски, Бектеши 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг во општина Кисела вода, кој е во рамки на изборната кампања, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за локалните избори закажани на 19 октомври годинава. Мицкоски зборуваше за опозициската СДСМ, чиј лидер немо повторува зборови, а и водат црна кампања во предизборниот период.

,,Досегашната кампања недвосмислено покажува дека нашите противници се борат за своите кариери, а ние се бориме да изградиме и направиме повеќе за секој еден човек“, вели Мицкоски.

,,Нивната главна кампања се темели на слоганот: „Се бориме за нашиот дом.“ И нема ништо изненадувачки во тоа. Потсвеста им работи дури и во слоганите  не можат да ја сокријат својата природа. Токму така се борат за нивниот дом. Но за кој дом? За оние хациенди на Халкидики, во Дубаи, или пак можеби оние скапи јахти кои што ги гледавме како гордо ги возат  на егејското крајбрежје. Да не мислите дека ќе се борат за вашиот дом, домот на граѓаните? Не, тоа од СДСМ ни под разно нема да го слушнеме“, рече Мицкоски и додаде:

Реклама

,,Тие се борат за нивниот дом, за удобностите во кои уживаат со децении, да си ги задржат. Се борат за заштита на корупцијата, за заштита на мафијашите, за заштита на Артан, Зечевиќ, Ковачевски, Маричиќ, Спасовски, Николовски, Бектеши. Се борат за да се врати времето на дилови, тендери, бизниси и дивеење. Најдобро ќе беше да кажат: „Се бориме за нашиот живот.“ Пошто, нели, живот ветуваа, живот за сите, сега ги слушам среќа за сите ветуваат“.

,,Останаа нереформирани и ги збија редовите со корумпирани кадри, мислејќи дека така уште еднаш ќе го измамат народот. Тешко на СДСМ што нивната главна кампања ја води нивниот гуру во сенка, а  Венко само немо ги повторува речениците, тезите и фразите кои што неговиот гуру му ги ставил на маса. Додека ние на избори пред вас излегуваме со понуда, нивната понуда се напади и клевети, црна кампања, сечени и монтирани видео клипови. Тоа е денешното СДСМ. И така тие мислат дека ќе го привлечат вниманието, а не знаат дека на тој начин само одбиваат луѓе од себе“, заклучи Мицкоски.