Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Мицкоски: Имам дилема дали судиите и обвинителите ги заслужуваат платите

Граѓаните треба да знаат дека суштинската реформа што се бара за судиите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните треба да знаат дека суштинската реформа што се бара за судиите и обвинителите е како да се зголеми нивниот буџет.  Имам дилема дали и овие плати што ги земаат тие ги заслужуваат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Сакам граѓаните да знаат дека сите оние таканаречени експерти кога излегуваат и кога ја критикуваат Владата за застој во реформите во обвинителството и во судството, ова е суштинската реформа – како да се зголеми буџетот на судовите до 0,8 проценти од БДП, а на обвинителите до 0,5 проценти од БДП што е два до три пати повеќе од некои земји членки на Европската унија. Не е проблем, ние ќе ги зголеми три пати ама да ги заслужат. Имам дилема дали и овие плати тие ги заслужуваат кои што сега ги земаат, рече премиерот Мицкоски.

Запрашан да како ја коментира вчерашната условна пресуда за докторка во случајот Онкологија, тој кажа дека неговите ставови за обвинителството и судството се многу пати кажани и разговарани и оти се бараат закони со кои во суштина се бара зголемување на буџетот за судовите и обвинителствата.  

Реклама

-Во суштина сакам јавноста да знае дека станува збор за шест закони каде што основната суштина е зголемување на буџетот од кои што директно ќе имплицира зголемување на платите на обвинителите и на судиите коишто имаат рејтинг од 2 проценти, а се бара зголемување на нивниот буџет којшто би бил сега 0,8 проценти од БДП, а за обвинителите 0,5 проценти од БДП и секогаш чуствувам некоја мачнина бидејќи тие и овие плати што ги земаат не ги заслужуваат имајќи ги предвид ваквите судски одлуки за кои вие сега зборувате, рече Мицкоски во Штип.