Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Мицкоски го покани Радев да ја посети земјава

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања, го покани бугарскиот премиер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања, го покани бугарскиот премиер Румен Радев да ја посети земјава.

Мицкоски, по свеченото отворање на првата сезона од „Плазма – Спортските игри за млади“ на плоштадот Македонија во Скопје, одговарајќи на новинарско прашања дали официјално ќе го покани Радев во посета на земјата на средба на премиерско ниво, одговори дека не гледа причина зошто не би го сторил тоа. 

– Не гледам причина зошто да не го поканам. Ако ова е поканата вака, еве го поканувам – изјави Мицкоски. 

Реклама

За тоа дали очекува затегнување на односите откога денеска бугарското Народно собрание ја избра новата влада предводена од Радев, предложена од партијата Прогресивна Бугарија, Мицкоски нагласи дека тој не рекол дека очекува влошување, туку дека не очекува подобрување. 

– Се додека има котиња од СДСМ, кои што коленичат и кои што ги распродаваат македонските национални интереси, не очекувам подобрување, наместо да застанат со нас и да се борат за македонските национални интереси, овие котиња одлучија за жолтици да коленичат таму. Инаку, што се однесува до господинот Радев, јас кога победи утрото му честитав, му се јавив да имаме успешни добрососедски односи и се надевам дека со оваа Влада ќе можеме да ги подобриме меѓусоседските односи, ќе може да разговараме за темите за кои што треба да разговараме – истакна Мицкоски. 

На прашањето да даде коментар за вчерашната изјава на Бујар Османи во „Само интервју“ дека не треба да се дозволи да помине законот за правична застапеност во Собранието, дури и со  употреба на физичка сила, Мицкоски рече дека овие закани ги разоткриваат вистинските намери.

– Заканите на Бујар Османи само покажуваат кои се вистинските намери. Тоа е закон кој што е одобрен од страна на Венецијанската комисија дека ги исполнува сите меѓународни услови. Инаку, за делот од содржината на неговата изјава, јас немам што да кажам, претпоставувам дека тоа е тој фолклор, кој што ќе го слушаме во периодот што следи. Ние имаме меѓукоалициски договор, законот е испратен во Собрание и очекувам што побргу да се усвои – рече тој.

Во однос на промените на цените на нафтата на светските берзи и неговите очекувања за состојбата кај нас следната недела, Мицкоски рече дека денеска на крајот на денот ќе има повеќе информации и според она што гледа изминатите два до три дена, очекува в понеделник да имаме поевтинување.