„Албанска академија за наука и уметности“, како етничка паралела на МАНУ е само идеја и таа тешко дека ќе се оствари. По-оставриливо би било интелектулаците и научниците од Албанската етничка заедница да побраат влез во посетоечаката нависока научна институција и на тој начин да станат академци. Премиерот Мицкоски, но и челниците од „Вреди„ принзаваат дека за оваа тема има различни мислења, но тие не ја разнишаа ни за милиметар владината коалиција. Мицкоски вели иако владините партнери имаат различни ставови дали да се формира нова академија или пак Албанските научници да се приклучат кон МАНУ, на крајот мнозинството ќе ја донесе одлуката.
- „Во еден внатрешен дијалог, во процес на внатрешна дебата, тие недоразбирања треба да се надминуваат, доколку има простор. Во едно семејство, не секогаш се сложувате со членовите и ќе наидете на одредени недоразбирања во одредени моменти, но во еден демократски дијалог, треба да ги надминувате. Досега во овие пет недели, така функционираме како коалиција“, кажа меѓу другото премиерот, одговарајќи на новинарски прашања.
Со сличен став и првиот човек во здравство, Арбен Таравари. Според него, сите идеи кои се однесуваат на науката се добри, но за идејата за Албанска академија, која ја иницираа четири општини, подоцна ќе бара решение кое ќе биде прифатливо за сите граѓани.
- „Ние немаме несогласување, ова ни беше програмска определба уште кога беше кампањата пред претседателскит и парламентарните избори. Идеите, кои се однесуваат на уметноста и науката мислам дека се добри и убави. Засега почнавме како иницијатива од четири општини, а понатаму се надевам дека ќе најдеме решение, кое би било прифатливо за сите кои што живееме во Република Македонија“, рече Таравари.
Според коалицијата ВРЕДИ, проблем не се само академците, туку незадоволство има и затоа што досега највисоката научна институција не ги отворила своите врати и за помошен персонал

- „По многу дебата и барања, има тројца-четворица академици, но нема ниту еден вработен во МАНУ… ни кафекувар нема. Не може некој да ме убеди дека нема Албанци кои што може да работат во МАНУ,“ вели вицепремиерот Меџити.
Актуелни академици и експерти коментираат дека е неприфатлив предлогот паралелно на МАНУ да се формира друга таква институција. Според нив, и во актуелниот состав има Албанци, но изборот во инситутцијата се темели на високи и строги критериуми.
