Реклама

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

Македонија

Мицкоски: Филипче и неговиот ментор од Струмица се во коалиција со личност што е на црна листа за корупција, ќе доживеат огромен пораз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Спортскиот центар Јане Сандански се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Спортскиот центар Јане Сандански се осврна на договорот под маса на Венко Филипче и неговиот ментор од Струмица со градоначалник на црна листа за корупција на скопска општина и истакна дека ваквите непринципиелни коалиции ќе бидат поразени.

„Што се однесува до вториот договор под маса – тој на Венко, што го склучи со еден градоначалник што е на црната листа за криминал и корупција од една скопска општина дотолку се гледа тој таен договор за поддршка што се препознава од Месечината. Проформа, СДСМ извадија кандидат за градоначалник во Карпош, што ни самите не ја препознаваат, ниту ја поддржуваат ниту пак ја рекламираат. Да направат анкета – членовите на нивната партија ни името на жената не и го знаат. Ја пуштија низ вода, за да асот во Карпош на Венко мисли дека ќе победи. Истите луѓе, со истите вредности. Веднаш штом ја напушти коалицијата, Стевчо отрча да коленичи во Струмица да се разбере со тогашната влада на СДСМ и ДУИ, а со него е лесно да најде човек заеднички јазик. Кога станува збор за интерес тој прв е подготвен да склучи пакт. Ваквите непринципиелни коалиции нема да успеат и ќе бидат поразени Зошто? Зашто и првиот договор и вториот се рефлексија на безидејноста во која овие партии тонат. Не се реформираа. Останаа заглавени и верни на бизнисите и тендерите, и затоа се сојузуваат – за да ги спасат своите кариери. И овие сценарија се полесниот начин да избегаат од реалноста дека на овие избори ќе паднат уште повеќе и едвај ќе се држат на 120 до 130 илјади гласа поддршка. Некогаш големата и според нив државотворна СДСМ спадна на рамниште да прави пактови  под маса за да опстане. Но народот, овој пат – на овие избори – ќе им свири крај. Бидете сигурни“ истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи и на новото додворување на СДСМ и Филипче кон Бугарите на штета на Македонија.

Реклама

Втората работа што сакам да ја посочам е оној подарок на Венко за нашиот источен сосед – нов „бонбона-бизнис“. На времето, неговиот ментор, кога беше во прашање името, ни го спакува во метафората „да не му ја чепкаме жицата на гитарата“. Демек, тој многу се грижел за името, кое на бездушен начин ни го промени. Сега гитарата се вика „црвените линии“ на Венко, спакувани во еден документ кој што тој го нарече, резолуција. Сте се запрашале ли зошто зборува за црвени линии, кога тој самиот нè убедуваше дека францускиот предлог е најдобриот што постои и не може подобар да биде? Па сега вели дека тој документ наречен резолуција, бил „најпатриотскиот документ“ било кога направен. Дојде време ова СДСМ да збори за патриотизам – верувале или не. А што била опцијата? Ако не сме го сменеле Уставот како што сака Венко – да не сме преговарале веќе за ЕУ? Добро, во ред – но кое е решението што ни го дава Венко? Кому треба сега овој негов предлог да служи? Јасно е дека ова е некое ново додворување на СДСМ кон нашиот источен сосед, на штета на Македонија. Но сакам да им биде јасно и на нив и на оние од кај нашиот источен сосед, тоа јас нема да го дозволам, за мене и за оваа македонска влада, постојат само македонски црвени линии, треба тоа да ви е јасно. А тоа се македонските државни и национални интереси истакна Мицкоски.