Реклама
Македонија

Mицкоски: EУ останува наша цел, но треба да научите да победувате во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз

Македонија во минатото даде многу жртви и заслужува да стане членка на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија во минатото даде многу жртви и заслужува да стане членка на ЕУ. Пристапувањето кон блокот редно време е да се заснова на исполнување на Копенхашките критериуми. Премиерот Мицкоски уште еднаш испрати порака дека земјава не смее веќе да биде уценувана и целиот процес да биде оптоварен со билатерални прашања.

Тој е дециден дека стратегија на Владата е да ги претстави аргументите пред сите европски челници а во таа борба, посветеноста е апсолутна.

Наша стратегија беше да го зафатиме теренот и да ги претставиме нашите аргументи. Тоа е демократската алатка што ја имаме на располагање, немаме друга. Ние сме еден од најмалубројните народи и држави во Европа и тоа е единствениот начин. Тоа значи дека треба да бидеме два, три пати подобри од сите други ако сакате да звучите логично и другите да ве разберат и треба да научите да победувате и во Вашингтон и во Брисел и во Берлин и во Париз и во Рим,… ако сакате да испратите поинаква порака од онаа што била слушана години наназад, нагласи премиерот.

Реклама

Но наместо пристапувањето кон ЕУ да биде условено со исполнување на Копенхашките критериуми, факт е дека нашите проблеми се од друга природа и истите се поврзани со историјата, културата, јазикот, идентитетот – работи за кои не се преговара.

Според Мицкоски, Македонија и натаму е посветена на реформите и европеизирање на институциите, со што ќе се подготви да стане дел од европското семејство.

Дел од тие отстапки правени во минатото од голем дел од политичарите, се резултат на некои процеси во кои самите тие биле вовлечени па биле притиснати до ѕид и немале каде, дел од лекомисленост и лековерност, а дел од национална исплакнатост и неводење грижа ниту за жртвата дадена во минатото, ниту имале можност да имаат визија за иднината и сега, оваа Влада треба да живее со сето тоа и да се бори, дел од тој простор што некој претходно го зафатил, да го освои повторно. Тоа е тешко, не е лесно, но ќе се бориме, рече Мицкоски.

Пораките од европските челници секогаш се дека проширувањето ќе остане врвен приоритет. За да се отвори првиот кластер, треба да поминат уставните измени на кои се согласи поранешната власт во 2022 година со прифаќањето на францускиот предлог. Македонската дипломатија сега се фокусира да обезбеди гаранции дека нема да има нови блокади од Бугарија, а едно од решенијата е уставни измени со одложено дејство.