Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Мицкоски до ДУИ: Јас не сум албанофоб, туку криминалофоб

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Неготино во рамките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Неготино во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистински избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, порача дека поддршката на овие избори и единствената алтернативата е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која значи одење напред и градење на иднината, а другите се СДСM и ДУИ, потпомогнати од Левица.

Мицкоски посочи дека оваа нивна коалиција е гаранција за враќање назад, за стагнација и за длабока криза, партии кои речиси никогаш не дошле на власт на фер избори, туку како последица на интриги, подземни игри и трикови, какви што прават и сега.

Од Неготино, Мицкоски упати порака и до раководството на ДУИ, јасно посочувајќи им дека не е албанофоб, како што тие кажуваат, туку дека е криминалофоб кој ги презира политичките криминалци кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери и се богатеа на грбот на граѓаните и дека од прв до последен ќе одговараат за криминалот кој го правеле.

Реклама

„На секој митинг ги слушам од раководството на ДУИ, како ме нарекуваат ваков, таков, споменуваат орли, зајци за да последно ме наречат албанофоб. Еве јас оттука од Неготино, би сакал и ним да им одговорам. Јас не сум ниту албанофоб, ниту каков било човек којшто е ксенофоб и којшто има проблем со етничката припадност на кој било мој сограѓанин во нашата заедничка татковина, Македонија.

Но, да сум криминалофоб и ги презирам оние политички криминалци коишто во политиката влегоа голтари, а излегоа од политиката милионери и сега мислат дека на етничка карта ќе играат и народот ќе заборави што правеа 20 години кога градеа дворци, кога купуваа трговски центри, кога купуваа скапи деловни простории во центарот на Скопје, кога купуваа мајбах автомобили и што уште не, на грбот на нашиот народ. Е јас сум тоа, криминалофоб и ќе одговарате од прв до последен за криминалот што го направивте“, порача Мицкоски.