Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Мицкоски: ДИУ по резултатот од локалните ќе се занимава со внатрепартиски, наместо со друг тип избори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ДИУ ќе бидат непријатно изненадени од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ДИУ ќе бидат непријатно изненадени од резултатите на претстојните локални избори и оти по нив ќе се занимаваат со внатрепартиски, наместо со друг тип избори.

Мицкоски денеска за време на посетата на комплетно реновираното одделение на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), одговарајќи на новинарско прашање за можност за одржување предвремени парламентарни избори и дали чека да завршат локалните, па потоа да одлучи, истакна дека неговиот став е јасен и прецизен.

– Мислам дека сум бил многу јасен и прецизен по тоа прашање. Јас жалам што се уште има структури во опозицијата, во случајов Демократската унија за интеграција, што во отуство на реални проекти и политики, во отсуство на план за граѓаните немаат друг начин како да ги мобилизираат своите гласачи и повторно ги навредуваа, велат ќе бидеме во Влада па ќе ве вработиме, ќе ви дадеме тендер, бизнис, и.т.н. Но, мислам дека тоа нема да се случи, барем така како што тие најавуваат и мислам дека на овие избори ќе бидат непријатно изненадени со резултатот, кој што ќе биде на крај, така што мислам по изборите повеќе ќе се занимаваат во внатрпартиски избори, отколку со друг тип на избори, истакна Мицкоски. 

Реклама

Тој и претходно ги отфрла шпекулациите дека резултатот од локалните ќе доведе до нови избори напролет. Мицкоски вчера потсети дека, повеќе од 600.000 граѓани на изборите минатата година гласале за оваа Влада и затоа таа има целосен легитимитет да опстои.

-Јас разбирам дека има политички партии кои освен поделби и би рекол националистичи испади немаат друга програма за да ги мобилизраат своите структури и гласачи. Единствената работа што можат да ја направат е да повторуваат предвремени избори. ВМРО-ДПМНЕ убедливо ги победи во 2021 година со историски резултат на локалните избори, па беше во опозиција три години, па дојдоа парламентарни избори, убедливо ги победи со историски резултат. Денеска сме Влада. Еве денеска излегува ревидиран БДП за 2024 година од три проценти, еден од најголемите во Европа… Одиме и над тоа. Тоа е над сите очекувања на Меѓународниот моментарен фонд и Светска банка. Би било навистина жално ако сите овие позитивни индикатори ги прекинеме со предвремени парламентарни избори. Ние како политичка партија го ставаме државниот интерес пред партиските емоции, порача вчера Мицкоски по средбата со претставници на Стопанска комора на Северо-западна Македонија.